Скопски регион
Целосен прогрес
Година: 2026
Година: 2026
ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА - Одржлива мобилност
ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА – производство на енергија и енергетска ефикасност
ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА - Отпад
НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО - Чист воздух
НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО - Чиста вода и управување со водните ресурси
ЗАШТИТА НА ПРИРОДА И БИОДИВЕРЗИТЕТ - климатска адаптација и зелена инфраструктура
Патоказот за Зелена агенда за Скопскиот плански регион претставува инструмент за локализација и забрзана имплементација на Европскиот зелен договор (EGD) и неговата регионална стратегија – Зелената агенда за Западен Балкан (ЗА3Б) за Скопскиот плански регион.
- Европскиот зелен договор – ЕЗД (EGD) е долгорочна стратегија за раст на Европската Унија, чија крајна цел е постигнување климатска неутралност до 2050 година, преку одвојување на економскиот раст од употребата на ресурси и обезбедување „никој да не биде изоставен“.
- Зелената агенда за Западен Балкан – ЗА3Б (потпишана со Софиската декларација во 2020 година) е патоказ за земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, да ги усогласат своите политики и реформи со амбициите на ЕУ, со цел постигнување на еколошка одржливост и намалување на емисиите на јаглерод.
Целта на овој Патоказ е да ја претвори оваа висока национална и европска обврска во конкретен, применлив акциски план за Град Скопје и околните општини, со оглед на тоа што Скопскиот регион е најголемата економска и демографска целина во земјата. Главната цел на Патоказот е да ја забрза зелената трансформација на Скопскиот плански регион, преку интегрирано и координирано спроведување на мерки кои директно го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните и ја зајакнуваат отпорноста на регионот кон климатските промени.
Ова значи: Постигнување на еколошка одржливост и економски раст со ниски емисии на јаглерод.






