Република Северна Македонија е високо ранлива на влијанијата на климатските промени, соочувајќи се со сè повисоки температури и зачестени екстремни временски прилики како суши, поплави и топлотни бранови. Истовремено, енергетски сектор е далеку најголемиот придонесувач кон емисиите на стакленички гасови, пред сè поради големата зависност од фосилни горива, каде доминира употребата јагленот. Предизвикот во справувањето со овие закани е во ограничените институционални капацитети за интегрирање на климатските политики, како и во недостигот на систем за редовно прибирање на податоци кои се неопходни за донесување на одлуки врз база на реални податоци. Без податоци и системско планирање, локалните заедници и клучните сектори се соочуваат со изработка на локални и регионални документи.

Центар за климатски промени работи на ублажување на климатските промени и градење климатска отпорност на локално и национално ниво. Обезбедуваме директна експертска поддршка на општините преку изработка на Акциски планови за одржлива енергија и клима (SECAP), како и детални проценки на ранливост и ризици. Нашата работа опфаќа развој на инвентари на стакленички гасови, мапирање на природните катастрофи и спроведување мерки за адаптација кои водат кон создавање јаглеродно-неутрални и климатски отпорни заедници.

Локален план за енергија и клима Општина Демир Капија

Локален план за енергија и клима Општина Прилеп

Локален план за енергија Општина Центар

Атлас на природни непогоди во Република Северна Македонија 2005-2023 година

Атлас на природни непогоди

  • Проценка на ризик и ранливост на климатски промени за Берово, Град Скопје и Куманово (Во фолдерот Ризик и ранивост – секцијата се вика -Портфолио – климатска акција) ФОЛДЕРОТ Е ПРАЗЕН

Нашата крајна цел е да придонесеме кон националната визија за градење просперитетна нискојаглеродна економија и општество отпорно на климатските влијанија. Преку подобрено општинско планирање, сакаме да создадеме безбедни заедници кои носат одлуки базирани на точни податоци, ефикасно ги штитат своите граѓани од природни непогоди и континуирано ја предводат локалната климатска акција кон целосна јаглеродна неутралност.