Нашата приказна

Од своето основање во 2008 година, Центарот за климатски промени дејствува како активен чинител во креирањето на одржлива иднина, водени од цврста верба дека заштитата на животната средина е нераздвојна од социјалната правда и демократските вредности.Нашата работа не е само одговор на техничките предизвици на денешницата, туку е рефлексија на нашите суштински принципи и тоа:

  1. Здрава животна средина и квалитет на живот: Правото на чист воздух, здрава вода и заштитена природа е основно човеково право. Ние се залагаме за праведна транзиција која нема да остави никого зад себе – каде економскиот развој и заштитата на ресурсите одат рака под рака за да обезбедат поквалитетен и достоинствен живот за сегашните и идните генерации.
  2. Демократија и инклузивност: Веруваме дека патот кон зелената транзиција мора да биде демократски. Нашата мисија е да овозможиме секој граѓанин да има глас во донесувањето на еколошките одлуки. Преку транспарентност и поттикнување на активно учество, работиме на создавање заедници каде одговорноста за природата е споделена, а информациите се достапни за сите.
  3. Одговорност и системски решенија: Она што не води е одговорноста кон општеството, животната средина и природата. Наместо привремени решенија, Центарот за климатски промени се фокусира на воспоставување системски промени. Нашата стратегија е насочена кон ублажување и прилагодување кон климатските промени преку стручна анализа, иновации и долгорочно планирање.
  4. Професионален интегритет: Со речиси две децении активно искуство, нашиот интегритет се темели на знаење и објективност. Како организација, обезбедуваме мост помеѓу науката, законодавството и реалните потреби на заедницата, секогаш со единствена цел – зачувување на природните ресурси како наш најголем заеднички капитал.

Политики

Политика за спречување корупција

Политика за заштита од сексуална експлоатација и злоупотреба на корисници

Политика за заштита на деца

Мисијата на Центарот за климатски промени е да предводи системски решенија за заштита на животната средина и итна климатска акција. Преку стручна поддршка на институциите, индустријата и граѓанскиот сектор, овозможуваме одржлив развој и градиме отпорно општество каде здравата животна средина е основа за квалитетен живот на сите граѓани.Нашата мисија ја остваруваме преку пет стратешки столбови:

Одржлива индустрија

Директна поддршка на бизнис секторот за оптимизација на енергетските перформанси и воведување на еколошки стандарди кои ја зголемуваат конкурентноста.

Јавна свест и едукација

Активно информирање и мобилизирање на јавноста за справување со предизвиците од климатската криза и промовирање на одржливи животни навики.

Застапување и политики

 Креирање предлози за унапредување на законската рамка во секторите енергетика, клима и животна средина, усогласени со европските регулативи.

Институционално зајакнување

 Градење на капацитетите на локалната и централната власт за развој на климатски проекти и ефикасно управување со процесите за заштита на животната средина и природата.

Промоција на енергетска ефикасност и одржлива енергија

Промовирање на напредни системи за управување со енергијата и воведување на иновации во областа на обновливите извори на енергија.

Нашата визија е целосна декарбонизација и воспоставување на одржливи системски решенија. Нашата цел е општество во коеенергетската ефикасност, напредното управување со отпадот и климатската адаптација се стандард, а не исклучок. Сакаме да изградиме еко-систем кој ги штити природните ресурси преку паметно управување со енергијата и стратешка грижа за животната средина.

Наши поддржувачи

Контактирај не! Пријави проблем во животната средина! Соработувај со нас!

Доколку сакате да дознаете повеќе за нашата работа, да пријавите проблем и да побарате совет, или пак да соработувате со нашата организација контактирајте не преку контакт формата