Slide 4

Чиста енергија, свет без отпадок
Slide 1

Зелената иднина започнува денес
Slide 2

Обновливи извори, посветла иднина
Slide 3

Заштити ја природата, заштити се сам
Slide 5

Заедно за “зелена” планета
<
>

Акциски планови

Патоказ за Зелената агенда


Патоказот за Зелената агенда претставува инструмент за локализација и забрзана имплементација на Европскиот зелен договор (EGD) и неговата регионална стратегија – Зелената агенда за Западен Балкан (ЗА3Б) во 8-те плански региони.

  • Европскиот зелен договор – ЕЗД (EGD) е долгорочна стратегија за раст на Европската Унија, чија крајна цел е постигнување климатска неутралност до 2050 година, преку одвојување на економскиот раст од употребата на ресурси и обезбедување „никој да не биде изоставен“.
  • Зелената агенда за Западен Балкан – ЗА3Б (потпишана со Софиската декларација во 2020 година) е патоказ за земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, да ги усогласат своите политики и реформи со амбициите на ЕУ, со цел постигнување на еколошка одржливост и намалување на емисиите на јаглерод.

Опфат на Патоказот (Петте столба на ЗА3Б)

Патоказот ги опфаќа сите пет меѓусебно поврзани столба на Зелената агенда, прилагодени на специфичните потреби и предизвици на планските региони:

  1. Декарбонизација, енергија и мобилност: Фокус на намалување на емисиите на стакленички гасови од греењето на домаќинствата и транспортот, како и зголемување на енергетската ефикасност и користењето на обновливи извори на енергија во општините.
  2. Циркуларна економија: Премин од линеарно кон циркуларно управување со отпадот, со цел подобрена селекција, рециклирање и претворање на отпадот во ресурси, што е клучно за справување со регионалните депонии.
  3. Справување со загадувањето: Покрај воздухот (најголем регионален проблем), опфатот вклучува и мерки за заштита на водните ресурси (реката Вардар и сливовите) и заштита на почвата од ерозија и деградација.
  4. Одржливо земјоделство и производство на храна: Промовирање на еколошки одговорно земјоделство во руралните делови на регионот, со цел зачувување на агро-биодиверзитетот и поддршка на локалните земјоделци.
  5. Заштита на биодиверзитетот и екосистемите: Зачувување и обнова на клучните природни подрачја (на пр. Водно и неговата околина) и проширување на зелената инфраструктура во урбаните средини за да се подобри квалитетот на воздухот и да се зголеми отпорноста кон климатските промени.

Патоказот служи како заедничка платформа за сите 8 плански региони, централната власт, приватниот сектор и граѓанското општество за координирано дејствување.

Компании








Оваа веб страница е изработена со поддршка на владата на Швајцарија преку програмата на Цивика Мобилитас. Содржината на оваа веб страна е единствена одговорност на Центар за климатски промени и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат