Центарот за климатски промени за потребите од спроведување на проектот „Зајакнување на позитивната перцепција за процесите на праведна транзиција на локално ниво“, во рамките на NDICI CHALLENGE/2024/455-010 ,,Финансирање на поправедни иднини: Проширување на ангажманот и овозможување на инклузивна и родово трансофрмативна климатска правда во Европа и пошироко’’ координиран од страна на Climate Action Network Europe (CAN Europe) и кофинансиран од Европската Унија објавува:
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА 1 ( ЕДЕН) ПОНУДУВАЧ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА 5 (ПЕТ) СОЛАРНИ САЕМИ
1.Информации за проектот
Проектот ,,Зајакнување на позитивната перцепција за процесите на праведна транзиција на локално ниво’’ е во рамките на NDICI CHALLENGE/2024/455-010 ,,Финансирање на поправедни иднини: Проширување на ангажманот и овозможување на инклузивна и родово трансофрмативна климатска правда во Европа и пошироко’’ координиран од страна на CAN EUROPE и кофинансиран од Европската Унија. Овој проект има за цел да ги поддржи процесите на праведна транзиција во Република Северна Македонија преку зголемување на свесноста, поттикнување на кампањи и мобилизирање на сите релевантни чинители на локално ниво. Специфични цели на проектот се :Зголемување на свесноста за просумерите и енергетските заедници на локално ниво преку спроведување на широка кампања за сензибилизација како и мобилизирање и ангажирање преку спроведување на искуства и позитивни практики од чиста енергија (Споделувањето е грижа) за локалните заедници и пошироката јавност.
Целната група опфаќа: граѓани, мали бизниси, локални власти, креатори на политики и засегнати страни од енергетскиот сектор во Југозападниот и Пелагонискиот регион на Северна Македонија. Конкретно, ќе бидат вклучени:
- Сопственици на домаќинства ( на возраст од 30 до 62 години)- лица кои живеат во индивидуални куќи и кои можат да имаат корист од тоа да станат просумери прему намалување на трошоците за електрична енергија и зголемување на енергетската независност
- Мали бизниси-претпријатија со енергетски потреби кои се усогласени со законодавството што се однесува на просумери, што им овозможува да ги намалат оперативните трошоци и да ја зголемат конкурентноста
- Локални власти и претставници на општините со цел да се олесни интеграцијата на политиките кои се погодни за просумерите на локално ниво.
- Национални енергетски засегнати страни вклучувајќи регулаторни тела, енергетски компании и претставници од соларната индустрија со цел да се надминат политичките бариери и да се забрза усвојувањето на децентрализираните енергетски решенија.
Целта е директно да се вклучат најмалку 500 луѓе преку организацијата на соларните денови, работилници и лаборатории и да допреме до над 84.000 поединци преку кампањи за подигнување на свеснота и активности за споделување на успешни приказни.
Проектот ќе обезбеди инклузивен пристап кон праведната енергетска транзиција преку активно вклучување на ранливи групи. Ќе се ангажираат млади лица за да се едуцираат за можностите на чистата енергија и идните зелени работни места, жени за да се поттикне нивната улога во енергетското одлучување и лица со попреченост преку достапни информативни материјали и настани.
Времетраење на проектот: 20 месеци ( од септември 2025 до април 2027).
Начелни проектни активности: Проектот ќе спроведе активности насочени кон зголемување на свесноста и учество во процесите на праведна транзиција. Ќе се спроведе базично истражување и фокус групи за да се утврди познавањето и ставовите на заедниците за праведната транзиција, просјумерите и енергетските заедници, врз основа на кои ќе се дефинира комуникациската стратегија и ќе се спроведе кампања со информативни материјали, медиумска промоција и инклузивен пристап. Потоа, преку активности за ангажирање на граѓани и мали бизниси ќе се организираат соларни денови во пет општини, работилници и стори-телинг видеа со примери на успешни просјумери. Конечно, ќе се одржат две полиси лаборатории за идентификување и отстранување на регулаторни бариери и ќе се изработи документ за јавни политики кој ќе придонесе за поттикнување на децентрализирано производство на енергија и забрзување на праведната енергетска транзиција во Северна Македонија.
2. Предмет и цел на повикот
Предмет на повикот е избор на еден понудувач за логистичка подготовка и организација на пет соларни саеми, како единствен пакет.
Секој настан ќе се организира на соодветна јавна површина во еден од следните градови: Охрид, Струга, Кичево, Прилеп и Битола.
Точните локации, датуми и часови ќе се усогласат меѓу носителот на проектот, понудувачот и соодветните општини.
Настаните ќе се планираат за викенди, попладневни термини или во пазарни денови со цел да бидат достапни за поширок круг посетители.
3. Опфат на услугата
Избраниот понудувач ќе ги обезбеди следните услуги за секој од петте саеми:
- Ќе подготви краток логистички план по град, со предлог-распоред на тенди, штандови, изложбени и информативни места и пристап за посетителите, и ќе го усогласи со носителот на проектот пред настанот;
- Ќе ја подготви и води постапката пред општината за користење на избраниот плоштад или друга одобрена јавна површина, вклучително поднесување барање, следење на постапката и обезбедување писмено одобрение/дозвола пред поставување на опремата. ЦКП ќе обезбеди документи и овластување што се во негова надлежност;
- Ќе ја координира постапката за пристап и користење електрична енергија на локацијата, вклучувајќи потребен привремен приклучок, кабли и безбедно распределување на електричната енергија, како и соодветни надоместоци за приклучување и потрошувачка;
- Ќе обезбеди набавка, испорака, монтажа и демонтажа на тенди и пултови во број и распоред соодветни за настанот, вклучително простор за проектните изложбени штандови и учесниците што ќе ги определи носителот на проектот;
- Ќе ги вклучи во понудата надоместоците за користење јавна површина, комуналните и другите неопходни трошоци поврзани со локацијата, доколку се применливи.
- Ќе обезбеди освежување за посетителите;
- Ќе обезбеди присуство на лице задолжено за логистика за време на поставувањето и одржувањето на секој настан, ќе реагира на технички потреби и ќе ја расчисти локацијата по завршувањето;
Носителот на проектот ќе ја утврди програмската содржина, ги координира говорниците, изложувачите и партнерските организации и ги обезбедува проектните изложбени и промотивни материјали. Понудувачот ја усогласува логистиката со носителот на проектот
4. Буџет и услови за цената
Во понудената цена треба да бидат вклучени изнајмување на тенди и пултови, пристапот и користењето електрична енергија, надоместоците за јавна површина и општинските постапки, комуналните трошоци, освежувањето, транспортот на опремата на понудувачот, монтажата, демонтажата, расчистувањето и минимум едно одговорно лице за времетраење на настанот.
Патните трошоци на проектниот тим на носителот на проектот се покриваат од посебна буџетска ставка и не се предмет на оваа понуда. Транспортот на опремата како и исплатата на патните трошоци на организациите кои учествуваат во сите 5 соларни саеми, мора да бидат вклучени во вкупната цена.
Понудувачот треба да достави сумарна ценовна понуда во денари за целокупниот ангажман, притоа треба да земе во предвид дека проектот е ослободен од ДДВ и овој трошок за ДДВ нема да биде подобен.
5. Услови за учество
Понудувачот е регистриран правен субјект или трговец поединец во Северна Македонија и има капацитет за логистичка организација на јавни настани.
Понудувачот може да ги обезбеди услугите во сите пет градови и да ги заврши настаните во проектниот период.
Понудувачот има искуство со организација или логистичка поддршка на настани. Релевантното искуство треба да биде опишано и поткрепено со референци, фотографии, линкови или други достапни докази.
Делумни понуди за само еден или повеќе градови нема да се разгледуваат.
6. Потребна документација
За понудата да биде целосна, понудувачот треба да достави:
- Пополнет и потпишан образец за понуда од Анекс 1;
- Технички предлог со опис на услугите, опремата, освежувањето и логистиката по град, вклучително и план за постапката за општински дозволи и електрична енергија;
- Финансиска понуда;
- Доказ за регистрација на понудувачот и краток опис на релевантното искуство со контакт или линк за најмалку една референца, доколку е достапна;
- Потврда дека понудата важи најмалку 60 календарски дена од крајниот рок за доставување.
7. Постапка и критериум за избор
Носителот на проектот прво ќе провери дали понудата е доставена навреме, дали ја опфаќа целата услуга во петте града и дали ги исполнува техничките и буџетските услови.
Изборот ќе се врши според принципот „најдобар сооднос меѓу квалитетот и цената“. Секоја прифатлива понуда ќе се оценува со максимални 100 бодови, од кои техничката понуда носи максимум 70 бодови, а финансиската максимум 30 бодови. Финансиската понуда ќе се зема предвид само доколку понудувачот освоил минимум 42 бодови од техничката евалуација.
Технички критериуми (максимум 70 бодови):
Релевантно професионално искуство (макс. 15 бодови)
Квалитет и капацитет на портфолиото (макс. 25 бодови
Предложен пристап и безбедност (макс. 20 бодови)
Дополнителна опрема (макс. 10 бодови)
Финансиски критериум (максимум 30 бодови): Финансиските бодови се пресметуваат според следната формула: (Најниска прифатлива вкупна цена ÷ Вкупна цена на понудата што се оценува) × 30 бодови.
Носителот на проектот може да побара појаснување на доставените информации, без тоа да ја менува понудената цена или суштината на понудата.
8. Договор и исплата
Со избраниот понудувач ќе се склучи писмен договор. Договорот ќе ги утврди распоредот на настаните, роковите за координација, обврските за дозволи и електрична енергија, начинот на прием на услугата и рокот за плаќање.
Исплатата ќе се врши на три рати, врз основа на соодветна фактура и договорената документација за извршените услуги.
9. Начин и рок за достава на понудите
- Понудите се доставуваат електронски на: ckp.skopje@gmail.com
- Предмет на е-поштата: „Понуда за организација на пет соларни саеми- (назив на понудувачот)“
- Краен рок: 05.05.2026.
- Понудите доставени по крајниот рок нема да се разгледуваат.
- Други услови
- Понудата и придружната документација се доставуваат на македонски јазик.
- Понудувачот ги сноси трошоците за подготовка и доставување на понудата.
- ЦКП го задржува правото да го измени или поништи повикот пред склучување договор, со известување до понудувачите.



