Одржливите практики во секојдневното работење неопходни за исполнување на целите за одржлив развој

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Кога станува збор за заштита на животната средина, намалување на јаглеродниот отпечаток како и ефикасно користење на природните ресурси, бизнисите имаат клучна улога. И тоа не само затоа што значајно влијаат врз состојбата со животната средина туку и затоа што имаат можност за создавање и примена на иновативни решенија за промена на континуираното уништување на екосистемот. За таа цел, сè повеќе компании од бизнис секторот се обврзуваат да го намалат нивното влијание врз животната средина, преку создавање одржливи еко-практики на работните места.

Што се всушност одржливи работни практики? Под одржливи практики на работно место се подразбира примена на различни видови на мерки кои што може да се преземат од страна на компаниите со цел намалување на јаглеродниот отпечаток и негативното влијание врз животната средина, воедно и намалено трошење на ресурси.

Секој ден, се повеќе компании почнуваат да прифаќаат одржливи работни практики, не само за да ја исполнат својата корпоративна општествена одговорност, туку и затоа што постојат одредени придобивки во поглед на работата, како што се намалените оперативни трошоци, подобрено здравје и благосостојба на вработените а воедно и позитивно влијание врз крајните резултати од работата на самата компанија.

По усвојување на Зелениот договор на ЕУ за справување со климатската криза во 2019г. , а потоа и потпишување на договорот за Зелена Агенда за Западен Балкан, сите анализи и научни истражувања покажуваат непосредна потреба за промена на однесувањето, намалување на еколошкиот и јаглеродниот отпечаток како и зголемување на потребата за промена на начинот на водење на бизнисите. Оттука произлегува и потребата од повисока посветеност и сериозност за спроведување на целите на Зелениот договор и Зелената агенда. Но напорите за креирање на соодветните политики за стимулирање на овие измени кон зелена транзиција не е доволна само од страна на ЕУ и Меѓународната заедница, туку потребна е поддршка и од граѓаните, организациите, компаниите, односно од сите нас.

За таа цел, Центар за Климатски промени во моментот  го спроведува проектот – Поттикнување одржливи начини за работа во новата дигитална ера (Fostering sustainable ways to work in the new digital era – SustainABLE), кој е спроведуван од страна на Центар за климатски промени, лидер на проектот и проектните партнери BICC Sandanski од Република Бугарија и Геосфера Битола, а финансиран од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата (Еразмус +). Повеќе информации за проектот на следниот линк.

Воедно, целите и проектните активности согласно проектот SustainABLE даваат основа за поврзување со некои од Целите за одржлив развој на Обединетите Нации (SDGs).