претседател

Бојана Станојевска Пецуровска

Policy researcher, Environment and Climate Change

Бојана Станојевска Пецуровска, дипломиран политиколог и магистер по комуникации чие главно поле на интерес се политиките и законодавството во областа на животната средина и климатски промени. Нејзината професионална кариера започна пред скоро 15 години во невладиниот сектор и оттогаш нејзиното професионално искуство се развива на полето на заштита и унапредување со животна средина. Таа има огромно искуство во управување и имплементација  на проекти за енергетска ефикасност во индустрија, ублажување на климатските промени, аерозагадување, управување со отпад, како и подигнување на јавната свест за заштита на животна средина. Во 2010 година таа успешно заврши курс за енергетика, животна средина и климатски промени на Универзитетот во Осло, а во 2012 година го заврши и курсот за зафаќање и складирање на јаглерод диоксид на Tsinghua Универзитетот во Пекинг. Од 2020 година е студент на Факултетот за правни студии. Таа поседува и сертификати за СОВЖС (SEA) и ОВЖС (EIA) и Управител со отпад, издадени од Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија. Од 2015 година таа е претседател на Центарот за климатски промени. 

Филип Стојановски

Senior researcher, Climate Change Mitigation and Air Quality

Филип Стојановски е  дипломиран машински инженер и има големо искуство во областа на енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија, подготовка на инвентари на емисии и квалитет на амбиентен воздух. Тој има повеќе од 10 години искуство во невладиниот сектор каде што работел како проектен менаџер, проекти за енергетска ефикасност, аерозагадување и управување со отпад. Во своето професионално искуство тој учествувал многу пати во изработка на научни студии, истражувања, анализи на различни прашања од областа на климатските промени, животната средина и енергетиката. 

проектен менаџер

помлад истражувач

Теодора Каракамчева

помлад истражувач, животна средина и климатски промени

Теодора Каракамчева е машински инженер со специјализација во енергетика и животна средина. Нејзината страст за животната средина и одржливите извори на енергија ја поттикнаа да се фокусира на овие области за време на нејзините студии. Теодора отсекогаш била заинтересирана за инженерството и животната средина, а во текот на нејзината академска кариера реализирала различни проекти поврзани со обновливите извори на енергија и одржливиот развој.

Таа е дел од Центарот за климатски промени од јули 2022 година, одговорна за водење на различни проекти поврзани со климатските промени и животната средина.

Сандра Стојковска

машински инженер со специјализација во енергетика и животна средина

Таа е дел од Центарот за климатски промени од октомври 2022 година. Како дел од тимот, таа работи на проекти и иницијативи кои се однесуваат на енергетската транзиција, климатски промени и одржлив развој.

Нејзините вештини за решавање проблеми, добрата работна етика, како и нејзината подготвеност да соработува и да придонесе за успехот на организацијата дополнително ја зголемуваат нејзината вредност како член на тимот.

машински инженер

Стручен соработник за енергетика

Даниела Младеновска

Senior researcher, Energy Policy

Даниела Младеновска е доктор на машински науки со над 20 годишно искуство во енергетскиот сектор (производство на електрична енергија и централни системи за греење). Работела на различни позиции како што се одржување, водење и оптимизација на производствен процес, анализа на процеси, вклучувајќи и неколку години како директор. Поседува докторат од областа на техничките науки, а од 2018 година е избрана за насловен доцент на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Како консултант учествувала во изработка на бројни физибилити студии, стратешки документи и проекти од областа на енергетската ефикасност, нискојаглеродни технологии и енергетски политики. Таа е сертифициран експерт на УНИДО за имплементација на системи за управување со енергија и за оптимизација на компресорски системи. Поседува лиценци за стручно лице за заштита при работа и судски вештак од областа на машинството.

Ивана Пенева

Помлад соработник

Во текот на своето работно искуство има работено како помлад асистент и координатор и на повеќе проекти исклучиво со животна средина, природа, шуми, спорт и социјални услуги. Одличен тимски играч и човек кој секогаш се труди да учи од своите колеги, но и да пренесува знаење. Вљубеник во природата, висините на планините и шумите. Поборник за здрава животна средина, заштита на природата и почитување на природните закони. Особен предизвик и се шумите, водите, уредувањата на водните ресурси и ерозија на земјиштето.

Сертифициран консултант за социјално претприемништво.

помлад соработник