На ден 28.06.2022 година, се одржа работна средба Како да го подобриме управувањето со отпадот на локално ниво. Работилницата ја отвори г-ѓа Бојана Станојевска Пецуровска која ги презентираше мерките кои досега се предложени во планските документи и што од нив е досега реализирано. Потоа зема збор г-дин Рубин Абрашовски директор на комуналното претпријатие од Прилеп и ја презентираше работата на претпријатието и воедно ги пренесе позитивните искуства од нивното работење до останатите присутни. По презентацијата се разви плодна дискусија, каде претставниците од комуналните претпријатија дискутираа за предизвиците со кои се соочуваат околу управувањето со отпадот. Воедно претставниците од општините се осврнаа за обврските на општините и јавните комунални претпријатија кои ќе произлезат од обврските со воспоставувањето на регионалниот систем за управување со отпад, а исто така се разви и дискусија за како планираат да се вклучат во регионалното управување со отпад. Г-дин Емил Ангелов се осврна на навиките на граѓаните за одлагање на отпадот и истакна дека е неопходно да се спроведе истражување за да можеме да разбереме зошто со отпадот не се постапува соодветно. Работилницата заврши со позитивен став дека иако е тешко да се справиме со отпадот не треба да се откажеме од воспоставањето на регионалните депонии и неговото правилно селектирање.
Работилницата се одржа во рамките на проектот „Препораки за Поглавје 27“, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија, Центар за климатски промени, Еко-свест и Македонско еколошко друштво, а е финансиран од Фондација отворено општество Македонија.
Напишете коментар