Центар за климатски промени – Гевгелија доби признание за посебни постигнување во рамките на прогрмата Цивика мобилитас

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Центар за климатски промени – Гевгелија доби признание за посебни постигнување за спроведување на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“. Признанието беше доделено во рамките на четвртата средба за вмрежување на грантистите на Цивика мобилитас од страна на Амбасодорката на Швајцарија Сибил Сутер Тејада.

Во рамките на проектот за прв пат во Р. Македонија се изработени акциски планови за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки во областа на животната средина. Вкупно беа изработени шест акциски планови за периодот од 2017 до 2019 година, за општина Карпош, Аеродром, Ресен, Струмица, Македонска Каменица и Македонски Брод. Акциските планови содржат активности за мобилизација и поголема вклученост на граѓанското општество. Овие планови беа изработени во заедничка соработка помеѓу граѓанските организации (ГО) и единиците на локална самоуправа (ЕЛС) и голем број општини ги усвоија на совет.

Во изработката на шесте акциски планови беа вклучени 9 ГО и 6 ЕЛС со што директно придонесуваат кон општествена промена во Македонија односно подобра соработка помеѓу ГО и ЕЛС.

Како финален продукт од проектот произлезе неформалната мрежа која ја сочинуваат 6 Општини и 9 ГО, односно 6 регионални мрежи и тоа: регионална мрежа Пелагониски регион, регионална мрежа Југоисточен регион, регионална мрежа Југозападен регион, регионална мрежа Источен регион и регионална мрежа на Скопскиот плански регион. Улогата на мрежата е да го следи напредокот и реализацијата на акциските планови, но и да помага во вклучувањето на граѓанското општество.

Со помош на изработениот акциски план за Општина Карпош успеавме да реализираме заеднички проект (Заеднички за подобра животна средина во Општина Карпош) кој беше кофинансиран од страна на Европската унија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *