Центарот за климатски промени посветува огромно внимание на соодветното управување со отпадот — процес кој го сметаме за основен темел и предуслов за овозможување циркуларна економија.
Тргнувајќи од суштинските потреби на заедницата, нашата работа започнува со подигнување на јавната свест, едукација, јакнење на компетенциите и трансфер на добри пракси кон општините. Во самиот фокус на нашето дејствување е воспоставувањето на примарна селекција — односно одделување на вредните фракции што можат да се рециклираат, со цел драстично намалување на мешаниот комунален отпад кој завршува на депониите.
Обезбедуваме целосна, менторска и техничка поддршка на општините за:
- Започнување и спроведување на процесот на примарна селекција;
- Директен пристап и соодветна комуникација со локалното население;
- Формализирање на сите локални иницијативи за управување со отпад;
- Воспоставување самоодржлив систем за селекција на отпадот од пакување и сите други специфични текови на отпад.








