Транзицијата кон зелено, јаглеродно-неутрално општество е сложен процес кој бара суштински промени на локално ниво. Сепак, општините и граѓанскиот сектор често се соочуваат со недостиг на капацитети, системски алатки и меѓусебна соработка за да ги преточат високите европски цели во конкретни локални политики. Дополнително, недостасува инклузивен и транспарентен пристап во кој граѓаните активно ќе учествуваат во следењето и носењето на еколошките одлуки во нивните заедници.
Центар за климатски промени заедно со национални и локални чинители работат на зајакнување на капацитетите на општините и граѓанскиот сектор за заедничко креирање локални зелени политики. Нашата работа опфаќа развој на иновативни ИТ алатки и методологии за мониторинг, изработка на патокази за спроведување на Зелената Агенда на локално ниво, како и организирање на регионални форуми и обуки кои го поттикнуваат демократското учество и ја подигнуваат свеста кај јавноста за Зелена Агенда.
Нашата крајна цел е да овозможиме успешна транзиција на државата и општините кон европските цели за јаглеродно-неутрално општество. Сакаме да постигнеме инклузивно и транспарентно спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан, преку развиени локални стратегии, воспоставен ефикасен систем за мониторинг на нивната имплементација и високо свесно граѓанство кое ги разбира и ужива придобивките од зелената транзиција.

Годишен извештај од мониторингот на општините за спроведувањето на политиките поврзани со Зелената Агенда за Западен Балкан










