Аерозагадувањето во Република Северна Македонија претставува сериозна здравствена и економска криза. Континуираната изложеност на високи концентрации на ПМ2.5 и ПМ10 честички е причина за околу 1.600 предвремени смртни случаи годишно, создавајќи економска штета која достигнува до 8,5% од националниот БДП. Проблемот кулминира во зимските месеци поради масовната употреба на огревно дрво за затоплувањево домаќинствата, сектор кој најмногу придонесува во  вкупните емисии на најопасните ПМ2.5 честички во државата. И покрај оваа алармантна состојба, институционалниот одговор на локално и национално ниво е недоволен – недостасуваат финансии, јасни индикатори за мерење на напредокот и стручни капацитети.

Центар за климатски промени, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање во 2021 година, ја постави станицата за мониторинг на амбиентен воздух во Гевгелија.

Проценка на ризик врз здравјето на луѓето

Центар за климатски промениактивно придонесува кон намалување на аерозагадувањето во локалните заедници преку изработка и ревидирање на локални планови за квалитет на амбиентниот воздух, во согласност со националните и европските барања и специфичните потреби на општините. Нашата работа опфаќа подигнување на свеста за внатрешното загадување во основните училишта, како и градење на капацитетите на младите за застапување и активно учество во носењето локални еколошки одлуки.

Во таа насока на Битола и Струмица им помогнавме во подготовката на нивните планови и изработивме планови за квалитет на амбиентен воздух

План за подобрување на квалитет на воздух – Општина Битола

План за подобрување на квалитет на воздух – Општина Струмица

Исто така во 2025та година придонесовме за подобро планирање на локално ниво во однос на справувањето со аерозагадувањето и ги ревидиравме постоечките планови за Куманово, Кавадарци,Гостивар и Струга.

План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Кавадарци

План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Гостивар

План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Куманово

План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Струга

Нашата крајна цел се е да имаме локални заедници каде што здравјето на граѓаните е максимално заштитено од штетните влијанија на загадениот воздух. Преку системски пристап, сакаме да постигнеме општините самостојно и ефикасно ги спроведуваат мерките од локалните планови, а граѓаните и младите се директно вклучени во креирањето на одржливи решенија за поквалитетна животна средина.

Assesment for basic demographic, health and pulic health profile

Development of regional emission inventory for South East region

Студија за влијанието на COVID 19 врз квалитетот на воздухот во Скопје