На 5ти Март, во просториите на Центар за климатски промени во Гевгелија беше организиран вториот проектен состанок во рамките на проектот “Зголемување на иновативниот бизнис поврзан со море, животна средина и земјоделство и ИТ – IBiSEAit”. На состанокот присуствуваа 12 учесници, претставници од сите партнери во проектот и двајца претставници од Заедничкиот секретаријат на програмата. На состанокот секој партнер го презентираше напредокот на проектните активности. Имено, идните планови и активности беа дискутирани и дефинирани за наредниот период.