Енергетскиот сектор во Република Северна Македонија се соочува со длабока структурна криза, детерминирана од преголемата зависност од застарени термоелектрани на лигнит и високиот степен на увоз на електрична енергија, кој во периоди на ценовни шокови директно ја загрозува националната економија. Критична точка е енергетската неефикасност на станбениот фонд, каде поради недоволна изолација и застарени системи за греење, загубите на енергија се енормни, што дополнително ја продлабочува енергетската сиромаштија кај над 20% од домаќинствата. Иако земјата поседува извонреден природен потенцијал за обновливи извори, особено сончева енергија, „зелената транзиција“ се соочува со сериозни бариери: ограничени капацитети на преносната мрежа за апсорпција на нови инвестиции, недостаток на системи за складирање (батерии) и бавна администрација. Институционалниот одговор е често декларативен – недостасуваат функционални финансиски инструменти за поддршка на граѓаните, навремена модернизација на мрежата и долгорочно стратешко планирање кое ќе обезбеди енергетска независност без да го наруши социјалниот мир.

Центар за климатски промени ја помага енергетската транзиција на локално и национално ниво преку промовирање на обновливи извори на енергија и унапредување на енергетската ефикасност. Обезбедуваме директна техничка помош и менторство за воведување на стандардот за енергетски менаџмент ISO 50001. Имаме развиена дигитална алатка за управување со енергијата, спроведуваме прилагодени обуки и помагаме во идентификација на мерки за заштеда кои ги намалуваат трошоците и јазголемуваат конкурентноста на компаниите. Дополнително, го олеснуваме процесот за нови инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори.Во регионите кои на праведна транзицја активно работиме на мапирање на сончевиот потенцијална јавни објекти и правиме ГИС мапирање.

Нашата крајна цел е да овозможиме успешна и праведна енергетска транзиција кон нискојаглеродно општество, каде што економскиот развој се темели на зелена енергија и не ја загрозува животната средина. Преку системска поддршка, сакаме да постигнеме отпорен и конкурентен бизнис сектор кој ги оптимизира своите трошоци преку енергетска ефикасност, како и енергетски независни општини кои генерираат сопствена зелена енергија.

Со цел запознавање со основите на енергетскиот менаџмент и начините за заштеда на енергија пристапете кон Прирачникот за управување со енергијата и енергетска ефикасност на следниот линк

Исто така нашата организација Ви овозможува и полесен пристап до финасии преку подготвениот финансиски каталог. Во каталогот се достапни сите финансиски инструменти кои можете да ги користите со цел финансирање на мерки за енергетска ефикасност, енергетски менаџмент или поголемо искористување обновливи извори на енергија. Каталогот е достапен на следниот линк

ЦКП изработи и алатка за следење на потрошувачката на енергија (EnMS tool), чија цел е да ви овозможи подобро управување со енергијата во вашата компанија. Со алатката имате можност да направите брза проверка да проверите колку рационално ја трошите енергијата (електрична енергија или друг вид на енергент кој го користите), врз основа на оствареното производство и климатските податоци на конкретната локација. За да пристапите до алатката Ве молиме кликнете тука

Извештај од анализа на перцепцијата и потенцијалот за производство на електрична енергија од сонце

6 чекори како да станеш просумер