
Аерозагадувањето во Република Северна Македонија претставува сериозна здравствена и економска криза. Континуираната изложеност на високи концентрации на ПМ2.5 и ПМ10 честички е причина за околу 1.600 предвремени смртни случаи годишно, создавајќи економска штета која достигнува до 8,5% од националниот БДП. Проблемот кулминира во зимските месеци поради масовната употреба на огревно дрво за затоплувањево домаќинствата, сектор кој најмногу придонесува во вкупните емисии на најопасните ПМ2.5 честички во државата. И покрај оваа алармантна состојба, институционалниот одговор на локално и национално ниво е недоволен – недостасуваат финансии, јасни индикатори за мерење на напредокот и стручни капацитети.
Центар за климатски промени, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање во 2021 година, ја постави станицата за мониторинг на амбиентен воздух во Гевгелија.

Центар за климатски промениактивно придонесува кон намалување на аерозагадувањето во локалните заедници преку изработка и ревидирање на локални планови за квалитет на амбиентниот воздух, во согласност со националните и европските барања и специфичните потреби на општините. Нашата работа опфаќа подигнување на свеста за внатрешното загадување во основните училишта, како и градење на капацитетите на младите за застапување и активно учество во носењето локални еколошки одлуки.
Во таа насока на Битола и Струмица им помогнавме во подготовката на нивните планови и изработивме планови за квалитет на амбиентен воздух
Исто така во 2025та година придонесовме за подобро планирање на локално ниво во однос на справувањето со аерозагадувањето и ги ревидиравме постоечките планови за Куманово, Кавадарци,Гостивар и Струга.
Нашата крајна цел се е да имаме локални заедници каде што здравјето на граѓаните е максимално заштитено од штетните влијанија на загадениот воздух. Преку системски пристап, сакаме да постигнеме општините самостојно и ефикасно ги спроведуваат мерките од локалните планови, а граѓаните и младите се директно вклучени во креирањето на одржливи решенија за поквалитетна животна средина.













