Берово: Ј А В Е Н П О В И К за пријавување на штета на земјоделски насади предизвикани од природна непогода – голомразица

објавено во Општински вести | 0
Врз основа на член 50 став 1 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Службен Весник на Република Македонија” бр. 5/2002 и “Службен Весник на РСМ” бр.202/24) и член 2 од Одлуката за утврдување на природна непогода “голомразица” што ја зафати територијата на oпштина Берово на 1, 2 и 3-ти мај 2026 година со бр. 09-1830/1 од 07.05.2026 година (“Службен гласник на Општина Берово” бр.10/2026 од 07.05.2026 година),  Градоначалникот на Општина Берово објавува:

Ј А В Е Н    П О В И К

за пријавување на штетана земјоделски насади

предизвикани одприродна непогода – голомразица

натериторијата на Општина Берово

(01,02 и 03-ти мај 2026 година)

Општина Берово ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети предизвикани од случена природна непогода – голомразица, која ја зафати територијата на општината во деновите: 01,02 и 03 Мај 2026 година да пријават штета на своите насади и добра доКомисијата за проценка на штетиод природни непогоди и други несреќинатериторијата наОпштина Берово.

Пријавувањето на штета од природна непогода – голомразица, пополнето со бараните податоци и документи се доставува до архивата на Општина Берово  на ул. “Димитар Влахов” бр.10 во Берово, (лично или по пошта).

Обрасци за поднесување на пријава за сторена штета може да се подигне на архива во Општина Берово или да се превземат од од веб страната на Општина Беровоberovo.gov.mk.

Покрај барањето секој барател треба да достави:

(копија од Rешение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ; копија од имотен лист; копија од договор за закуп – доколку земјиштето е под закуп).

Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од 7 дена, односно најдоцна до 15.05.2026 година, во период од 07:30 до 15:30 часот.

Барањата ќе бидат обработени од страна на Комисијата и ќе биде изготвен Првичен Извештај, кој ќе биде проследен до Влада на Република Северна Македонија.

За сите дополнителни информации  може да се обратите на тел. 033 471 057 и 078/342-124.

Изработил: Комисијата за проценка на штети

од природни непогоди и други несреќи

на територијата на Општина Берово

Добредојдовте на официјалната интернет страница наОпштина Берово.

Адреса:Ул. „Димитар Влахов“ бр.10, 2330 Берово

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:00 до 10:30 часот)

Телефон / Факс:+389 33/471-057

Е-пошта[email protected]


Извор: Општина Берово