Веднаш по влошувањето на временските услови, Градоначалникот на Општината, г. Даут Беќири, излезе на терен и ги активираше соодветните служби, при што се врши посипување на сол и песок на коловозите со цел обезбедување побезбедно одвивање на сообраќајот.
Состојбата внимателно се следи и интервенциите продолжуваат таму каде што има потреба. Безбедноста на граѓаните е и останува апсолутен приоритет.
Градоначалникот упатува апел до граѓаните за максимална внимателност, особено во подрачјата со појава на мраз, со прилагодување на брзината на движење и почитување на препораките на надлежните институции.
Општината останува во целосна подготвеност и ќе продолжи со континуиран мониторинг на состојбата.
Извор: Општина Арачиново
