Во овие образовни институции се работи на реновирање на училишните клупи, како и на подобрување на општите услови за учениците и наставниот кадар, со цел создавање побезбедна и пофункционална средина за наставниот процес.
Во салата за физичко образование на ОУ „Абдил Фрашери” се реализира уредување на осветлувањето, што претставува неопходна инвестиција за нормално одвивање на спортските и едукативните активности на учениците.
За време на посетата, градоначалникот Беќири беше директно информиран за конкретните потреби на секое училиште и беа идентификувани интервенциите кои ќе се реализираат во наредниот период.
Општината останува посветена на создавање што подобри услови во училиштата и на обезбедување инклузивно и квалитетно образование за сите деца.
Извор: Општина Арачиново
