Арачиново: Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, Aрачинoво е општината со највисок природен прираст во Република Северна Македонија.

објавено во Општински вести | 0
Според официјалните статистички податоци, природниот прираст во Општина Арачиново изнесува +10,5 на 1.000 жители, што претставува највисок показател на државно ниво. Овој резултат е јасен доказ дека Арачиново е една од највиталните и најперспективните општини во државата.

Во време кога голем број општини се соочуваат со намалување на населението, Арачиново се издвојува како позитивен пример, благодарение на младите семејства, силната заедница и вредностите кои се негуваат и пренесуваат од генерација на генерација.

Како градоначалник на Општината, моја цел е да го поддржам овој потенцијал и дополнително да ја унапредиме Арачиново, во интерес на сите граѓани и нашата заедничка иднина.


Извор: Општина Арачиново