Арачиново: Општината го започна процесот на замена на светилките за јавно осветлување.

објавено во Општински вести | 0

 

Работите започнаа на главната сообраќајница, каде што се врши замена на постојните светилки со поефикасно и поквалитетно осветлување, со цел подобрување на безбедноста и условите за граѓаните.По завршувањето на оваа фаза, приоритет ќе им се даде на подрачјата околу училиштата, со цел зголемување на безбедноста на учениците и граѓаните.

Во меѓувреме, сите евидентирани дефекти на уличното осветлување во станбените улици се санирани и се продолжува со редовно одржување на јавното осветлување.

Во наредните фази, Општината се подготвува процесот на замена на светилките да се прошири на целата територија на Арачиново.

 


Извор: Општина Арачиново

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *