Во ноември 2022 година, започна спроведувањето на проектот „Поттикнување одржливи начини за работа во новата дигитална ера“ (“Fostering sustainable ways to work in the new digital era“ – SustainABLE). Проектот е имплементиран од страна на Центар за климатски промени, лидер на проектот и проектните партнери BICC Sandanski од Република Бугарија и Геосфера Битола, а финансиран од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата (Еразмус +).

Целта на проектот е воведување на одржливи работни практики, преку промена на однесувањето на луѓето кои работат во граѓански организации (ГО), но и преку подигање на свеста и развивање на квалификации за спроведување на одржливи работни практики засновани на клучните принципи за одржливост (пр. циркуларна економија, енергетска ефикасност, одржлива храна и мобилност, работа од дома итн.). Така што, преку ваквите активности особено во новата дигитална ера ќе се овозможи зелена/дигитална транзиција која директно ќе придонесе кон намалување на COемисиите и минимизирање на јаглеродниот отпечаток.

Воедно, целите и проектните активности согласно проектот SustainABLE даваат основа за поврзување со некои од Целите за одржлив развој на Обединетите Нации (SDGs). Согласно таргетите и индикаторите пропишани за секоја од целите за одржлив развој, преку спроведување на овој проект има можност да се придонесе кон постигнување на некои од овие цели.

Во рамките на овој проект, работевме напорно за да поттикнеме промена во однесувањето на организациите, да ја промовираме потребата за воведување на одржливи практики, а успеавме и да дефинираме начини за спроведување на одржливи практики во организациите.

Постигнати резултати во рамките на проектот SustainABLE:

  1. Спроведено истражување на подготвеност на НВО во поглед на примена на одржливи практики на работното место, вклучувајќи три аспекти (деск истражување, онлајн анкета, фокус групи) со цел добивање на детална слика за моменталната состојба и потребите на овие организации како и предизвиците со кои се соочуваат при имплементирање на одржливи практики и кои се можностите за подобрување. Истражување е спроведена во С. Македонија и Бугарија и потоа се подготвени споредбена анализа и извештај.
  2. Развиена алатка за самооценување на одржливи практики, која има за цел да и помогне на секоја организација да ја процени имплементацијата на одржливите практики и нивото на усогласеност со Патоказот за одржливост. Оваа алатка е достапна и применлива на повеќе засегнати страни, како бизниси, комори, компании, општини, училишта и сите оние кои имаат работен простор и канцеларии.
  3. Изработен Патоказ за одржливи работни практики кој има за цел да ги мотивира и поддржи примарно организациите од граѓанскиот сектор да имплементираат одржливи мерки во рамките на работното место.

  

  1. Изработен Водич за одржливи работни практики како продолжение на Патоказот. Овие документи се тесно поврзани, односно во Водичот се претставени конкретните препораки и чекори за имплементирање на мерките за примена на одржливи практики од Патоказот.

  1. Спроведена Пилот програма на организации за имплементирање на Патоказот за одржливи практики, преку прилагодување на Патоказот на профилот и специфичните потреби на секоја од организациите. Во рамките на оваа активност вклучени се Меморандуми за соработка со пилотираните организации, доделена им е Политика за одржливост и Сертификати за учество на програмата и придонес кон проектот.

Сертифицирани организации како дел од пилот програмата за примена на Патоказ за одржливи практики:

  1. Здружени за заштита и унапредување на животната средина – Еко-Живот Кавадарци
  2. Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД Скопје
  3. Центар за истражување и информирање за животната средина – Еко-Свест Скопје