By Published On: 16 февруари 2026Categories: Uncategorized

Центар за климатски промени  како дел од проектните активности на проектот „Анализа на напредокот на усогласеноста и имплементацијата на ЕУ законодавството за животна средина и климатски промени со националното“ финансиран од Фондација отворено општество Македонија, објавува

ЈАВЕН ПОВИК за избор на експерти/обучувачи за спроведување обука за законодавството за Поглавје 27

Ангажманот во овој повик е предвиден за повеќе експерти на различни теми во рамки на активностите на проектот, со цел информирање за прогресот во секторите хоризонтално законодавство, квалитет на воздух, квалитет на води, управување со отпад, индустриско загадување и управување со ризик, заштита на природа и климатски промени и преглед на состојбата со усогласување и имплементација на законодавството за животна средина и климатски промени.

Експерт за хоризонтално законодавство

Опис и работни задачи

Подготовка и спроведување на една презентација со времетрање од 1 час. Презентацијата треба да опфаќа осврт кон усогласеноста на националното со европското законодавство за областа и проблеми со имплементацијата на законодавството;

Потребни квалификации

Завршено минимум високо образование;
Најмалку 5 години професионално искуство во или со граѓански организации;
Најмалку 3 спроведени обуки на темата и
Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фасилитаторски вештини.

Експерт за квалитет на воздух

Опис и работни задачи

Подготовка и спроведување на една презентација со времетрање од 1 час. Презентацијата треба да опфаќа осврт кон усогласеноста на националното со европското законодавство за областа и проблеми со имплементацијата на законодавството;

Потребни квалификации

Завршено високо образование од областа на заштита на животна средина
Најмалку 3 спроведени обуки на теми поврзани со животна средина, климатски промени
Најмалку 5 години професионално искуство во областа или со граѓански организации;
Да поседува добри комуникациски и организациски способности

Експерт за квалитет на води

Опис и работни задачи

Подготовка и спроведување на една презентација со времетрање од 1 час. Презентацијата треба да опфаќа осврт кон усогласеноста на националното со европското законодавство за областа и проблеми со имплементацијата на законодавството;

Потребни квалификации

Завршено високо образование од областа на заштита на животна средина
Најмалку 3 спроведени обуки на теми поврзани со животна средина,
Најмалку 5 години професионално во областа или со граѓански организации;
Да поседува добри комуникациски и организациски способности

Експерт за управување со отпад

Опис и работни задачи

Подготовка и спроведување на една презентација со времетрање од 1 час. Презентацијата треба да опфаќа осврт кон усогласеноста на националното со европското законодавство за областа и проблеми со имплементацијата на законодавството;

Потребни квалификации

Завршено високо образование од областа на заштита на животна средина
Најмалку 3 спроведени обуки на теми поврзани со животна средина или управување со отпад
Најмалку 5 години професионално искуство во областа или со граѓански организации;
Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фасилитаторски вештини.

Експерт за индустриско загадување и управување со ризик

Опис и работни задачи

Подготовка и спроведување на една презентација со времетрање од 1 час. Презентацијата треба да опфаќа осврт кон усогласеноста на националното со европското законодавство за областа и проблеми со имплементацијата на законодавството;

Потребни квалификации

Завршено високо образование од областа на заштита на животна средина
Најмалку 3 спроведени обуки на теми поврзани со животна средина
Најмалку 5 години професионално искуство во областа или со граѓански организации;
Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фасилитаторски вештини.

Експерт за заштита на природа

Опис и работни задачи

Подготовка и спроведување на една презентација со времетрање од 1 час. Презентацијата треба да опфаќа осврт кон усогласеноста на националното со европското законодавство за областа и проблеми со имплементацијата на законодавството;

Потребни квалификации

Завршено високо образование
Најмалку 3 спроведени обуки на теми поврзани со животна средина и/или заштита на природа
Најмалку 5 години професионално искуство во областа или со граѓански организации;
Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фасилитаторски вештини.

Експерт за климатски промени

Опис и работни задачи

Подготовка и спроведување на една презентација со времетрање од 1 час. Презентацијата треба да опфаќа осврт кон усогласеноста на националното со европското законодавство за областа и проблеми со имплементацијата на законодавството;

Потребни квалификации

Завршено високо образование
Најмалку 3 спроведени обуки на теми поврзани со животна средина и/или климатски промени
Најмалку 5 години професионално искуство во областа или со граѓански организации;
Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фасилитаторски вештини

Временска рамка и надомест

Обуките ќе се спроведат онлине преку ЗООМ платформата во текот на месец ноември. Конкретните датуми за спроведување на обуките ќе бидат договорени во координација со проектниот тим и избраните обучувачи. Темите ќе бидат групирани во 3 дена, така што секој ден ќе биде посветен на 2-3 теми/области.

Избраниот обучувач за секоја обука/тема ќе има вкупен ангажман од 1 ден. Надоместот за еден ден не може да надминува износ од 9000 денари. Еден обучувач може да се пријави и за повеќе теми/обуки. Презентацијата за секоја тема нема да надминува 1 час.

Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да достават:

Кратка биографија (CV)
Финансиска понуда со вклучен персонален данок,
Предлог методологија за подготовка на обука (содржина на презентацијата);

Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта: ckp.skopje@gmail.com, со назнака – Апликација за експерт [назив на темата за која се аплицира]

За сите дополнителни информации во врска со повикот, Ве молиме контактирајте не електронски преку ckp.skopje@gmail.com.

Рокот за аплицирање е заклучно до 25.10.2022 година.

Целиот повик може да го погледнете на следниот линк

Проектот е финансиски поддржан од Фондација отворено општество Македонија

Top Sliding Bar

This Sliding Bar can be switched on or off in theme options, and can take any widget you throw at it or even fill it with your custom HTML Code. Its perfect for grabbing the attention of your viewers. Choose between 1, 2, 3 or 4 columns, set the background color, widget divider color, activate transparency, a top border or fully disable it on desktop and mobile.

Recent Tweets

Newsletter

Sign-up to get the latest news and update information. Don’t worry, we won’t send spam!

Go to Top