Oглас за мали и средни претпријатија од Југоисточниот регион на Mакедонија со цел обезбедување техничка помош за енергетска ефикасност и управување со отпад

објавено во АКТИВНОСТИ, ОГЛАСИ | 0

Центарот за климатски промени во рамките на својот проект „Промоција на практики за управување со отпад и енергетска ефикасност во прекуграничниот регион“ реф. Бр. 2007CB16IPO007 – 2012- 3 – 026, финансиран преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија, објавува повик за доделување бесплатна техничка консултантска помош за компаниите од Југоисточниот регион со цел подобрување на управувањето со отпад или енергетска ефикасност.

Целта на бесплатната консултантска помош е да се подобри управувањето со отпад и енергија, да се идентификуваат мерки за намалување на трошоците за енергенси и да се подобри работењето на компанијата од аспект на животна средина и услогласеност со националното законодавство.

На повикот за бесплатна консултантска помош може да се пријават сите компании кои ги исполнуваат следните услови:

1. Согласно својата основна дејност/активност прапаѓаат на една од следните сектори:

      • преработка и производство на храна и пијалоци
      • конзервирање на овошје и зеленчук
      • производство на кондиторски производи
      • преработка на дрво и дрвна маса и производство на мебел
      • обработка на метали
      • производство на различни хемиски производи и пластични маси
      • оранжерии, свињарски и живинарски фарми
      • отелиерство, услужни дејности и градежништво

2. Имаат идентификувани проблеми во животна средина (управување со отпад и енергија

3. Имаат не повеќе од 150 вработени