Центар за Климатски промени во моментот го спроведува проектот – Поттикнување одржливи начини за работа во новата дигитална ера (Fostering sustainable ways to work in the new digital era – SustainABLE), кој е спроведуван од страна на Центар за климатски промени, лидер на проектот и проектните партнери BICC Sandanski од Република Бугарија и Геосфера Битола, а финансиран од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата (Еразмус +).
Целта на проектот е воведување на одржливи работни практики, преку промена на однесувањето на луѓето кои работат во граѓански организации (ГО), но и преку подигање на свеста и развивање на квалификации за спроведување на одржливи работни практики засновани на клучните принципи за одржливост (пр. циркуларна економија, енергетска ефикасност, одржлива храна и мобилност, работа од дома итн.). Така што, преку ваквите активности особено во новата дигитална ера ќе се овозможи зелена/дигитална транзиција која директно ќе придонесе кон намалување на CO2 емисиите и минимизирање на јаглеродниот отпечаток.
Воедно, целите и проектните активности согласно проектот SustainABLE даваат основа за поврзување со некои од Целите за одржлив развој на Обединетите Нации (SDGs). Согласно таргетите и индикаторите пропишани за секоја од целите за одржлив развој, преку спроведување на овој проект има можност да се придонесе кон постигнување на некои од овие цели.
Проектните активности започнаа во ноември 2022г., додека пак крајот и резултатите од овој проект се очекуваат во месец април 2024 година. Со цел добивање на очекуваните резултати планирано е спроведување на соодветни активности донесени во рамките на проектот.
Во моментот во тек е спроведување на првата активност – Анализа на подготвеноста на главните чинители и корисници на проектот, која ќе обезбеди основа за спроведување на понатамошните активности. Реализацијата на оваа актвност ќе овозможи информативен преглед на досегашните познавања на НВО и ГО во поглед на одржливи работни практики и принципи. Следна активност која директно ќе допринесе за постигнување на целите на проектот е развивање на Водич за одржливи практики на работното место, прилагоден за НВО и ГО. Водичот ќе вклучува и Патоказ и тие ќе бидат како воведен дел од пошироката програма за Обука како следна активност. Со цел да се подигне свеста за придобивките за можна зелена/дигитална транзиција кај НВО и ГО планирано е да се спроведат пилот проекти и соодветни студии на случај.
Реализација на сите предвидени активности би довеле до посакуваните крајни резултати, односно успешно промовирање на најефикасните практики кои може да се применуваат на работните места базирани на клучните принципи за одржливост, како и изградба на капацитетите на НВО и ГО кои би се придржувале до соодветниот развиен Водич и Патоказ SustainABLE.