Успешно реализирана Вело дружбата во Општина Карпош

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Во рамките на проектот „Заеднички за подобра животна средина на Општина Карпош“ успешно ја спроведовме Вело дружбата и ги промовиравме новите 60 паркинг места за велосипеди во Општина Карпош. Голема благодарност до Градоначалникот на Општина Карпош г-дин Стефан Богоев кој ја подржа оваа акција и заедно со граѓаните на Општина Карпош симболично ја извозевме вело рутата. Се надеваме дека со поставувањето на овие паркинг места ќе се зголеми бројот на велосипедисти во Општина Карпош со што ќе се придонесе кон намалување на загадувањето на амбиентниот воздух, намалување на бучавата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во Општина Карпош