Центар за климатски промени – Гевгелија во рамките на проектот „Подобрување на капацитетите на граѓанските организации за имплементација на концептот за зелена економија“, суб-грантиран во рамките на проектот „GEAR – Зелена економија за развој на регионот“ објавува јавен повик за изработка на зелени акциски планови за мали и средни претпријатија. Изработката за зелените акциски планови е бесплатна, а јавниот повик во кој се дадени сите информации за учество може да го преземете овде.