Центар за климатски промени објавува јавен повик за учество на млади лица во натпревар за најдобра бизнис идеја и поддршка за отпочнување бизнис. Најдобрите три апликации ќе бидат наградени и ќе добијат поддршка за започнување сопствен бизнис.
Повикот се отвара во рамките на проектот „Зголемување на иновативниот бизнис поврзани со море, животна средина и земјоделство и ИТ – (IBiSEAit)“, финансиран од ЕУ преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција- Македонија 2014-2020. Повеќе информации за проектот на следниот линк.
1. Услови за учество
- Право на учество имаат млади лица на возраст од 18 до 35 години,
- Секој учесник на натпреварот има право да аплицира само со една апликација/бизнис идеја,
- Најдобрите три апликации ќе имаат обврска во рок од еден месец да основаат ново претпријатие,
- Новооснованото претпријатие потребно е да биде регистрирано на територијата на еден од следниот региони: Југоисточен, Пелагониски, Вардарски или Југозападен регион,
- Освен индивидуалци на повикот може да се пријават и претпријатија кои се регистрирани во 2019 и 2020 година а кои имаат потреба од поддршка во развивање и водење на бизнисот,
- Да ја презентираат бизнис идејата на завршениот настан организиран во рамките на проектот „Зголемување на иновативниот бизнис поврзани со море, животна средина и земјоделство и ИТ – (IBiSEAit)
2. Награда за селектираните идеи
Најдобрите три бизнис идеи ќе добијат:
- Помош за регистрација на претпријатие (платени трошоци за регистрација и подготовка на потребна документација)
- Изработка на веб сајт во WordPress со платен хостинг и домеин за 1 година
- Платена ZOOM лиценца и cloud storage за една година
- Платени сметководствени услуги за една година
- Изработка на маркетинг план и промоција на социјални медиуми за три месеци
- 1 компјутер и 1 принтер
- Менторска поддршка за развивање бизнис план, развој и управување на претпријатието во период од 3 месеци
- 1 година бесплатно членство во виртуелниот инкубатор
Сите 3 ново основани претпријатија ќе бидат дел од виртуелниот инкубатор во чии рамки ќе биде реализирана менторската поддршка од страна на менторите ангажирани преку ПСМ Фондација.
3. Критериуми за оценување
-
Бизнис идеја
Концизен преглед на бизнис идејата, јасно идентификуван проблем и добро објаснет производ/услуга
-
Пазар
Целната група на бизнисот е јасно објаснета, идентификувани се најмалку три конкуренти и конкурентската предност дава доволно уверливост.
-
Маркетинг
Солиден преглед на маркетинг стратегијата. Детални информации за начинот на дистрибуција, промоција, цена и продажба.
-
Организација
Правна форма, човечки ресурси, потребна инфраструктура и опрема соодветно адресирани. Реалистичен план на поставени цели.
-
Финансиски план
Приходите и расходите се соодветно испланирани, опфатени се повеќе категории. Компанијата има реални изгледи да остварува профит.
4. Начин на пријавување
Сите заинтересирани млади лица кои ги исполнуваат критериумите потребно е да испратат пополнета апликација за бизнис идеја на contact@yes.org.mk најдоцна до 15.03.2021 година.
Апликација Повик