Јавен повик за вклучување во пилотирање на Патоказ за одржливи работни практики

објавено во ОБЈАВИ | 0

Центар за климатски промени како дел од проектните активности на проектот „Поттикнување на одржливи начини на работа во новата дигитална ера“ финансиран од Националната Агенција за Европски образовни програми и Мобилност во Македонија, распишува ЈАВЕН ПОВИК  за вклучување во пилотирање на Патоказот за одржливи работни практики.

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ И ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ

Проектот „Поттикнување одржливи начини за работа во новата дигитална ера“ (Fostering sustainable ways to work in the new digital era – SustainABLE), е спроведуван од страна на Центар за климатски промени, лидер на проектот и проектните партнери BICC Sandanski од Република Бугарија и Геосфера Битола, а финансиран од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата (Еразмус +).

Целта на проектот SustainABLE е да влијае на однесувањето на поединците кои работат во мали невладини организации и граѓански здруженија, особено во зелената и дигиталната ера на работа и трансформација, придонесувајќи директно кон намалување на емисиите на CO2  и подобрување на јаглеродот. Ова вклучува подигање на свеста и развивање квалификации за усвојување на одржливи работни практики засновани на клучните принципи за одржливост, како што се кружна економија, одржлив транспорт, енергетска ефикасност, одржлива храна и мобилност и работа на далечина.

Воедно, целите и проектните активности согласно проектот SustainABLE даваат основа за поврзување со некои од Целите за одржлив развој на Обединетите Нации (SDGs). Согласно таргетите и индикаторите пропишани за секоја од целите за одржлив развој, преку спроведување на овој проект има можност да се придонесе кон постигнување на некои од овие цели.

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Во рамките на проектот „Поттикнување на одржливи начини на работа во новата дигитална ера“ е изработен Патоказ за одржливи работни практики. Овој Патоказ се фокусира на поттикнување одржливост, подобрување на оперативната ефикасност во рамки на организацијата и воедно минимизирање на влијанието врз животната средина. Патоказот има за цел да ги поттикне и да им помогне на претставниците од граѓанскиот сектор во усвојување и имплементирање на одржливи практики преку конкретни мерки и насоки.

За таа цел, Центар за климатски промени објавува јавен повик за избор на три невладини организации во кои ќе биде спроведен Патоказот за одржливи работни практики.

ШТО ВКЛУЧУВА ПИЛОТ ПРОГРАМАТА

  • Евалуација на примена на постоечки одржливи практики и простор за подобрување во Вашата организација преку спроведување на интервју и презентирање на планот за пилот програмата.
  • Прилагодување на Патоказот на специфичниот профил и потребите на Вашата организација, како и потенцијалот во однос на капацитетите и ресурсите. вклучувајќи конкретни препораки и насоки.
  • Избор и воведување на одредена активност/услуга (на пр., практики за селекција на отпад, заштеда на енергија, усвојување дигитални алатки итн.), во зависност од моменталната состојба и практиките на организацијата
  • Изработка на соодветен план и временска рамка за воведување на активноста/услугата.
  • Континуирано менторство, следење и поддршка во фазата на имплементација на процесот.
  • Известување и изработка на студија на случај

ПРИДОБИВКИ ОД УЧЕСТВО ВО ПИЛОТ ПРОГРАМАТА И ПРИМЕНА НА ПАТОКАЗОТ

  • Подобрен имиџ и репутација на Вашата организација
  • Примената на конкретните мерки и насоки од Патоказот за одржливи практики ќе придонесе кон:
    • заштеда на ресурси и економски раст
    • намален јаглероден отпечаток
    • намалување на стакленички гасови/аерозагадување
    • подобрување на квалитетот на животната средина
  • Сертификат за одржливост, кој потврдува дека Вашата организација применува одржливи практики
ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

На Јавниот повик право на учество имаат сите регистрирани невладини организации во Македонија кои ги исполнуваат бараните критериуми.

КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИОТ ПОВИК

  • Организацијата да биде легално регистрирана и активно да работи
  • Во организацијата да работат минимум три лица (вработени на цело или половина работно време, волонтери, практиканти)
  • Организацијата да ги извршува работните активности во работен простор/канцеларија
  • Организации од рурални области или со ограничен пристап до дигитални и одржливи ресурси имаат предност
  • Предност имаат и организации кои им служат на обесправените групи како што се младите, жените, родителите, малцинствата или оние кои се фокусираат на еколошки, одржлив или рурален развој

Од организациите кои ќе бидат избрани како дел од пилот програмата, се очекува да бидат подготвени активно да се вклучат во процесот, вклучително и соработка со проектните партнери и учество на обуки.

Предност ќе имаат организации кои имаат покажан интерес или преземено иницијативи за одржливи практики и дигитални алатки во нивното работење, како и организации каде што имплементацијата на Патоказот може да доведе до значителни, мерливи влијанија и промени.

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И КРАЕН РОК

Пријавувањето на Јавниот повик се врши со испраќање на е-маил порака на следната е-маил адреса: ckp.skopje@gmail.com, со назнака за „Јавен повик за пилотирање на Патоказ за одржливи работни практики“.

Оние кои ќе се пријават по истекот на рокот на Јавниот повик, нема да бидат разгледувани.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК

Сите учесници на Јавниот повик ќе бидат известени најдоцна до 15.02.2024 година, преку електронски пат. Воедно резултатите од Јавниот повик. Ќе бидат објавени на веб страната на Центар за климатски промени (www.ckp.org.mk)

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дополните информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел. +389 2 5208 330 и ckp.skopje@gmail.com, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.