Центар за климатски промени со помош на Мрежата на организации за деца на Србија (МОДС) ја усвои политиката за заштита на деца. ЦКП ќе се раководи согласно политиката при спроведување на активности, програми и проекти. Политиката за заштита на деца придонесува кон: заштита на членови, волонтери, вработени и даватели на услуга од ЦКП, заштита на децата кои се вклучени во активностите, проектите и програмите на ЦКП и заштита на угледот на ЦКП. Во иднина сите вработени, членови, волонтери и даватели на услуги ангажирани од ЦКП ќе се раководат согласно политиката.
Усвоената политика за заштита на деца е поставена на нашата веб страна и истата може да се превеземе на следниот линк.