Центар за климатски промени во рамките на проектот Младински активизам за позелени општини објавува тендер за избор на консултант за изработка на прирачник за обврските на општините и граѓанските организации поврзани со имплементација на барањата кои произлегуваат од законодавството за животна средина.
Краен рок за аплицирање е 01.12.2022 година до 16ч. Сите заинтересирани кандидати можат да поднесат прашања најдоцна до 21.11.2022 на следната емаил адреса: ckp.skopje@gmail.com
Проектот го спроведува Македонско здружение на млади правници во партнерство со Центар за климатски промени, Го Грин Скопје и Креактив од Кавадарци со финаниски средства на Европската Унија.