Центар за климатски промени – Гевгелија во рамките на проектот „Подобрување на капацитетите на граѓанските организации за имплементација на концептот за зелена економија“ на 24.12.2019 во Скопје, организираше еднодневна обука за компании за примена на концептот за зелена економија. Дваесет претставници на малите и средни претпријатија, имаа можност да се стекнат со знаење во однос на имплементацијата на системот за управување со енергија во МСПа (модели на потрошувачка), системот за енергетски менаџмент, зелени работни места, ефикасното искористување на ресурсите, зелената економија и придовките од примената на зелена економија.
Обуката ја реализираше Доц. Д-р. Даниела Младеновска, УНИДО Експерт за енергетска ефикасност и CASO.
Проектот е спроведуван од страна на Центар за климатски промени и е суб-грантиран во рамките на проектот „GEAR- Зелена економија за развој на регионот“ финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програмата за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2016-2017, имплементиран од страна на Еко-свест, Центар за истражување и информирање за живтна средина, Скопје во партнерство со СМАРТ Колектив од Србија, Центар за поддршка и развој од БиХ, и Асоцијацијата Слап од Хрватска, Eden Center од Албанија и Fros Montenegro од Црна Гора.