Центар за климатски промени – Гевгелија, во рамките на проектот „Подобрување на капацитетите на граѓанските организации за имплементација на концептот за зелена економија“ на 28.11.2019 во Велес организираше еднодневна обука за граѓански организации за примена на концептот за зелена економија. Околу 20 претставници на граѓанскиот сектор, имаа можност да се стекнат со знаења во однос на примената на концептот за зелена економија, законската основа на примена на концептот за зелена економија, Green New Deal на Европската Комисија со можности за финансирање на зелени проекти, како и секторски анализи од аспект на предизвици, можности и примери на добра практика. Обуката ја реализираше Доц. Д-р. Даниела Младеновска, UNIDO Експерт за енергетска ефикасност и CASO.
Проектот е спроведуван од страна на Центар за климатски промени и е суб-грантиран во рамките на проектот „ GEAR-Зелена економија за развој на регионот“ финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2016-2017, имплементиран од страна на Еко-свест, Центар за истражување и информирање за животната средина, Скопје во партнерство со СМАРТ Колектив од Србија, Центар за поддршка и развој од БиХ, и Асоцијацијата Слап од Хрватска, Eden Center од Албанија и Fors Montenegro од Црна Гора.