Центар за Климатски промениуспешно ја заврши дводневната обука за микро, мали и средни претпријатија.
Главната цел на оваа обука беше да се едуцираат бизнисите со цел да осознаат начини за значителни намалувања на трошоците преку искористување на енергетската ефикасност и обновливата енергија.
Соработувајќи со шест пилот компании, подготвени сме да имплементираме реални решенија за енергетска ефикасност и да го оптимизираме управувањето со енергијата во производните линии.
Ова не е само за одржливост; се работи за конкурентска предност. Овие иницијативи се финансирани од проектот „Активности за јакнење на деловниот екосистем“, финансиран од УСАИД и во имплементиран од Консалтинг за стратешки развој. Центар за климатски промени го предводи проектот фокусиран на зајакнување на отпорноста на ММСП преку намалување на трошоците за енергија, обезбедувајќи бизнисите не само да преживеат, туку и да се справат со енергетската криза.