Центар за климатски промени, Гевгелија, започна да го спроведува проектот „ Развивање и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот во прекуграничниот регион (TRAP)“.
Проектот е поддржан и ко-финансиран од ЕвропскатаУнија и Национални фондови на земјите учеснички во ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – РепубликаМакедонија 2014-2020 “(CCI: 2014TC16I5CB009) и е со вкупен буџет од 969.331,00 €.
Проектот се спроведува на територија на Р. Македонија (Пелагониски и Југоисточен регион) и на територија на Р. Грција (Општина Солун и Општина Флорина).
Партенери на проектот:
Водечки партнер: Центар за животна средина на Западна Македонија (Р. Грција)
Проектен партнер 2: Општина Флорина (Р. Грција)
Проектен партнер 3: Европска регионална рамка за соработка (Р. Грција)
Проектен партнер 4: Центар за климатски промени – Гевгелија
Проектен партнер 5: Министерство за животна средина и просторно планирање
Времетраење на проектот: 24 месеци (03.08.2018 – 02.08.2020)
Целта е на проектот е да го подобри управувањето и заштитата на прекуграничната област во Р. Македонија и Р. Грција преку воспоставување мрежи за следење на квалитетот на воздухот. Мерењата на сите станици во областите кои се вклучени во овој проект ќе создадат систем кој ќе ги прикажува мерењата во реално време преку интернет. Покрај тоа, ќе се пресметуваат и прикажуваат епидемиолошки индикатори и показатели за квалитетот на воздухот, врз основа на ефектите од загадувањето на воздухот врз здравјето на луѓето.
Стратешката цел на проектот TRAP е создавање на ICT апликација за интегрирање на мониторинг на квалитетот на воздухот со индикатор за здравјето на загадување на воздухот во прекуграничната област.
Специфичните цели на проектот се:
- Развивање и проценка на инвентар на емисии во областите на партнерите
- Проценка на здравствениот ризик поврзан со мерењата на квалитетот на воздухот
- Создавање на интегрирана ИКТ алатка вклучувајќи информации за квалитетот на воздухот во корелација со можните здравствени влијанија и обезбедување на механизам за итни случаи за креаторите на политиките и за извонредните групи.
- Да се проценат условите на прекуграничната соработка во врска со квалитетот на воздухот и загадување во областа
- Вклучување на релевантните чинители со цел да се информирате за креираната алатка и индексите на алатката
- Ширење и пренесување на резултатите од проектот на клучните засегнати страни, како и на пошироката јавност и ранливите групи.
Во рамките на проектот ќе се реализираат следните активности:
- Изработка на веб страна за проектот
- Подготовка на извештаи (Layman Reports)
- Идентификација на изворите на емисии
- Изработка на инвентар на регионални емисии
- Изработка на планови за квалитет на воздух
- Набавка на мониторинг станици за мерење на квалитет на амбиентален воздух
- Мониторирање и валидација на податоци од мерните станици и нивна анализа
- Проценка на основниот здравствен профил
- Проценка на здравствениот ризик и квалитетот на воздухот
- Изработка ИКТ алатка за квалитетот на воздухот и здравствените индикатори
- Изработка на индекс за јавно здравје на квалитетот на воздухот
- Подготовка на заеднички компаративни анализи за квалитетот на воздухот
- Работилници за обука за квалитет на воздухот и здравје
- Подготовка на техничка документација и реновирање на постоечка инфраструктура за отворање на инкубатор
- Организирање на информативни и едукативни семинари за претприемачи
- Организирање на завршна конференција за постигнатите резултати од проектот