Центар за климатски промени ја организираше работна средба за Индустриско загадување и управување со ризик на тема: Како до подобра изработка на квалитетни А и Б еколошки дозволи со примена на најдобрите достапни технологии (НДТ) и како да се постигне зајакнување на капацитетите на единиците за локална самоуправа (ЕЛС) за издавање на Б еколошки дозволи.
На работната средба од страна г-ѓа Беса Татеши беше презентирана моменталната состојба во секторот Индустриско загадување и управување со ризик, новиот нацрт Закон за контрола на индустриски емисии и обврските што произлегуваат во однос на постоечката легислатива и новините во законот ќе влијаат врз постоечките дозволи и тие што треба да се издадат.
Работната средба беше проследена со дебата од страна на учесниците со насоки за подобра изработка на квалитетни А и Б еколошки дозволи со примена на НДТ и како да се постигне зајакнување на капацитетите на ЕЛС за издавање на Б еколошки дозволи. Во рамките на дебатата имаше и дискусија за постоечките А и Б еколошки дозволи и за времетраењето на постапката за нивно добивање.
Активноста се реализираше во рамките на проектот „Препораки за Поглавје 27“ кој се имплементира од Милиеуконтакт Македонија, Центар за климатски промени, Македонско Еколошко Друштво (МЕД) и Еко – свест, а со финансиска поддршка на Фондација отворено општество Македонија (ФООМ).