Четврток, 15ти Октомври 2020 година во Гевгелија беше одржана официјална церемонија по повод пуштањето во употреба на новата мониторинг станица за следење на квалитет на амбиентниот воздух.
Набавката на оваа станица е реализирана во рамките на проектот „Развивање и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот во прекуграничниот регион – (TRAP)“, финансиран преку ИПА Програмата за прекуранична соработка Македонија – Грција 2014-2020 а имплементиран од Центар за климатски промени, Министерство за животна средина и просторно планирање, Регионалниот Центар за животна средина во Кожани, Општина Лерин и Европската регионална мрежа за соработка од Грција.
На настанот официјално обраќање имаше Министерот за животна средина и просторно планирање, г-дин Насер Нуредини, Министерот за локална самоуправа, г-дин Горан Милевски, Шефот на Делегацијата на европската комисија, г-дин Дејвид Гир и Градоначалникот на Гевгелија, г-дин Сашо Поцков.
Мониторинг станицата ќе биде дел од државната мрежа за мониторинг на квалитетот на амбиентен воздух управувана од Министерството за животна средина и просторно планирање и ќе ги следи концентрациите на следните загадувачки супстанци: NOx, PM10, PM 2,5; SO2, CO, O3.
Сега жителите на Гевгелија ќе знаат каков воздух дишат.