Промоција на практики за управување со отпад и енергетска ефикасност во прекуграничниот регион

објавено во ПРОЕКТИ | 0

Во Декември 2014 година, Центарот за климатски промени започна со имплементација на својот нов проект „ Промоција на практики за управување со отпад и енергетска ефикасност во прекуграничниот регион.

Цел на проектот е да се промовираат практики за управување со отпад и енергетска ефикасност во мали и средни претпријатија во прекуграничниот регион, со цел намалување на негативното влијаније од нивните економски активности.

Специфични цели

  • Да се зголеми свесноста на претприемачите од прекуграничниот регион за проблемите поврзани со управувањето со отпадот и енергетската ефикасност што води кон подобрувањето на еколошките перформанси во нивните производствени капацитети
  • Да се развие заеднички пристап за решавање на проблемите поврзани со загубата на енергија и генерирањето големи количини отпад во малите и средни претпријатија
  • Да се креираат инструменти за подобро управување со енергијата и отпадот кој се создававо малите и средни претпријатија
  • Да се промовира соработката и разменувањето на искуства во прекуграничниот регион

Во рамките на проектот ќе се реализираат следните активности:

  • Изработка на заедничка студија за 100 мали и средни претпријатија од прекуграничниот регион
  • Изработка на база на податоци за компании активни во прекуграничниот регион
  • Програма за градење на капацитетите за спречување на загадувањето – Тренинзи за енергетски менаџмент и управување со отпад
  • Тркалезни маси за размена на искуствата во прекуграничниот регион
  • Изработка на студии за управување со ресурсите и спречување на загадувањето
  • Прирачник за управување со отпад
  • Изработка на веб страна за бизнис заедницата
  • Кампања за подигнување на јавната свест

Очекувани резултати:

  • Изработена студија за моментална состојба со управување со отпад и енергетска ефикасност во малите и средни претпријатија во прекуграничниот регион
  • База на податоци за компании активни во прекуграничниот регион
  • Организација на тренинзи за управување со отпад и енергетска ефикасност
  • Спроведување на тркалезни маси за размена на искуствата во прекуграничниот регион
  • Изготување на студии за 10 вкупно компании за управување со ресурсите и спречување на загадувањето
  • Прирачник за управување со отпад
  • Изработка на веб страна

 

Проектот се имплементира на територијата на Република Бугарија – Област Благорвград и Република Македонија – Југоисточен регион.

Таргет групи: Мали и средни претпријатија кои се занимаваат со преработка и производство на дрво, храна и зеленчук, метал, текстил, вклучувајќи и винарии и оранжерии

Времетраење на проектот: 12 месеци (21.11.2014 – 22.11.2015)

Проектот е финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка

Брошура PWM&EE – Македонски и Англиски јазик [Превземи]
Брошура PWM&EE – Бугарски и Англиски јазик [Превземи]