Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина

објавено во ПРОЕКТИ | 0

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Еден од основните проблеми е недоволно познавање на самиот процес на учество на јавноста во донесувањето на одлуки од областа на животната средина, односно не познавање на законската регулатива и одговорностите кои ги имаат ЕЛС и секој граѓанин вклучувајќи ги и граѓанските организации. Интеракцијата помеѓу ЕЛС и граѓанското општество е сведена на минимум и со тоа можностите да се поправат определени грешки, како и да се дојде до нови иновативни решенија се сведени на минимум. Поради тоа, потребно е да се зголеми интеракцијата помеѓу граѓаните, граѓанските организации и ЕЛС. Запознавање со законските обврски и надлежности на таргет групите, влијанието врз интеракцијата односно активното учество на граѓанските организации при донесување на значајни и круцијални одлуки од областа на животната средина се дел од потребите на целните групи.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел – Зголемена вклученост на граѓанските организации во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина на локално ниво. Специфична цел – Подобрена соработка на граѓанскиот сектор и локалната самоуправа на полето на донесување одлуки од областа на животна средина на локално ниво.

РЕЗУЛТАТИ

  • Зголемена вклученост на ГО во процесот на донесување одлуки и заедничко решавање на проблемите за животна средина на локално ниво
  • Вмрежување со цел успешно донесување одлуки од областа на животната средина
  • Подигнување на свеста кај граѓанско општество со цел промоција на општествените промени.

АКТИВНОСТИ

  1. Студија за актуелната состојба на вклученост на јавноста во процесот на донесување на одлуки за животна средина на локално ниво
  2. Тренинг за ГО со цел подигнување на јавна свест за потребата од нивно активно вклучување во процесот на донесување на одлуки
  3. Тренинг за ЕЛС со цел активно вклучување на ГО во процесот на донесување на одлуките
  4. Изработка на акциски планови за ЕЛС за вклучување на јавноста
  5. Заеднички активности за подигнување на јавна свест за организирање на национални или локални општествени иницијативи

ВКУПЕН БУЏЕТ: 1.884.690 МКД

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 01.7.2016 – 31.12.2017

Проектот е поддржан од: ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Студија за моментална состојба со вклученоста на јавноста во процесот на донесување на одлуки за животна среди [Превземи]