Центарот за климатски промени – Гевгелија во соработка со својот партнер од Република Бугарија, Алијанса на производители на еколошка енергија – BG, од Благоевград започна започна да го спроведува проектот „Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот (Waste EDU).
Проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка на Република Македонија и Република Бугарија, прв повик 2014TC16I5CB006-2015-1.
Проектот се имплементира на територијата на Република Бугарија – Област Благорвград и Република Македонија – Југоисточен регион.
Таргет групи: Ученици од основните училишта на возраст од 6 од 15 години, невладини организации, мали и средни претпријатија кој работат во областа на управување со отпад.
Времетраење на проектот: 15 месеци (18.10.2014 – 18.01.2017)
Целта на проектот е да се интензивира и промовира прекуграничната соработка помеѓу луѓето и институциите за заедничко решавање на еколошките проблеми поврзани со управувањето со отпадот и спречување на загадувањето во пограничниот регион, со цел да се овозможи подобар квалитет на живот.
Во рамките на проектот ќе се реализираат следните активности:
- Едукативна и промотивна кампања за подигнување на јавната свест
- Изработка на тренинг програма за управувања со отпад, негово намалување и рециклирање наменета за оснонвите училишта
- Израбтока на интернет страна
- Изработка на апликација за Andorid и OS платформи со која ќе може секој да пријави диви депонии и други загадени области во пограничниот регион
- Изработка на едукативна книга за животниот циклус на отпадот намената за деца и ученици до 16 годишна возраст
- Организирање на Форум за застапеноста на едукативни програми за управување со отпад во образовните институции
- Изработка и дизјан на опрема за складирање на отпад од стакло, хартија, пластика, батерии и ОЕЕО
Очекувани резултати:
- Организирани заеднички зелени кампови во Македонија и Бугарија
- Изработка на интернет страна со информативна содржина од областа на управувањето со отпад
- Апликација за Andorid и OS платформи со која секој може да пријави диви депонии и други загадени области во пограничниот регион
- Подготвена и испечатена едукатвина книга за животниот циклус на отпадот
- Спроведен форум за застапеноста на едукативни програми за управување со отпад во образовните институции
- Дистрибуирана опрема за селектирање на отпад и батерии во 24 основни училишта, по 12 од секоја страна