Во периодот помеѓу Јуни 2009- Јуни 2012 година, Центарот за климатски промени како локален партнер на Норск Енерги работеше на проектот „Почиста и поефективна индустрија во Македонија, тригодишен проект финансиран од Владата на Кралството Норвешка.
Проектот имаше за цел да ги лоцира проблемите за имплементација на проекти за енергетска ефикасност и тоа воглавно преку градење на локалните капацитети, зголемувањето на свесноста, развој на проекти за климатски промени кои ќе бидат спремни за финансирање, како и подобрување на дијалогот помеѓу властите, академскиот сектор, проектантите, индустријата и финансиските институции. Проектот имаше три компоненти: Енергетска ефикасност, управување со животна средина и студенска размена
Резултати од проектот: изработени се 13 студии за енергетска ефикасност за период од 3 години, имплементиран е систем за управување со животна средина во 4 компании, направена е студенска размена за 2 студенти во 2010, и обезбедена е студенска пракса за 4 студенти во 2011 година. Од друга страна, подобрен е дијалогот помеѓу министерствата и другите релевантни институции, меѓународните финансиски институции, општини, универзитети, зголемени се локалните капацитети помеѓу младите инженери за развивање на проекти за енергетска ефикасност и обезбедување на консултантски услуги, зголемена е свесноста за имплементирање на мерки за заштеда на енергија.