Подобрување на капацитетите на граѓанските организации за имплементација на концептот за зелена економија

објавено во ПРОЕКТИ | 0

Центар за климатски промени – Гевгелија, започна да го спроведува проектот „Подобрување на капацитетите на граѓанските организации за имплементација на концептот за зелена економија“. Проектот е суб-грантиран во рамките на проектот „ GEAR-Зелена економија за развој на регионот“ финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2016-2017, имплементиран од страна на Еко-свест, Центар за истражување и информирање за животната средина, Скопје во партнерство со СМАРТ Колектив од Србија, Центар за поддршка и развој од БиХ, и Асоцијацијата Слап од Хрватска, Eden Center  од Албанија и Fors Montenegro од Црна Гора.

Главната цел на проектот е подобрување на улогата на граѓанските организации во имплементацијата на концептот за зелена економија во македонските компании.

Специфичните цели на проектот се:

  • Зголемување на свеста на граѓански организации и компаниите за важноста на зелената економија и зеленото претприемништво
  • Зајакнување на капацитетите на локалните граѓански организации за важноста на зелената економија и зеленото претприемништво

За постигнување на целите на проектот планирани се четири активности:

  1. Анализа и истражување на компании во РСМ за примена на концептот за зелена економија
  2. Организирање на обука на 10 граѓански организации за примена на концептот на зелена економија
  3. Организирање на обука на 10 компании за примена на концептот на зелена економија
  4. Изработка на план за спроведување на концептот за зелена економија во три компании

Очекуваните резултати од спроведувањето на проектот се:

  1. Подготвен извештај за моменталната состојба на примена на концептот за зелена економија во компаниите во РСМ
  2. Подобрени капацитети на 10 граѓански организации и 10 компании за важноста на зелената економија и зелено претприемништво
  3. Изработени планови за спроведување на концептот за зелена економија за три компании во заедничка соработка помеѓу граѓански организации и компаниите

 

Времетраење на проектот е 6 месеци, од септември 2019 година до март 2020 година.

Проектот ќе се спроведува на целата територија на Македонија.