Повик за доставување на понуди за садници за садење во Општина Центар

објавено во ОБЈАВИ | 0

Центар за климатски промени – Гевгелија како дел од проектните активности на рамките на проектот „Зголемување на отпорноста кон климатските промени на локално ниво“ распишува повик за доставување на понуди за садење на садници во Општина Центар.

Проектот е финансиран во рамките на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест”, во соработка со „Македонското здружение на млади правници” и „Организација за поврзување на природни вредности и луѓе” (CNVP), а финансиски поддржан од Владата на Шведска.

 

Општи информации за проектот

 

Општа цел на проектот е да се зголеми отпорноста кон климатски промени на локално ниво преку подобро планирање, зголемена свест и соработка на сите засегнати страни и ублажување на ефектите од климатските промени. Исто така проектот ќе допринесе за идентификување на главните сектори кои придонесуваат за емисии на стакленички гасови на локално ниво и проценка на ризик за ранливите сектори (води, шумарство и инфраструктура – локални патишта), но и градење на капацитетите на општинската администрација и локалните граѓански организации за значењето на климатската отпорност.

 

Опис на задачата

 

Центар за климатски промени во рамките на проектот „Зголемување на отпорноста кон климатски промени на локално ниво“ планира да реализира пошумување на територија на општина Центар. За таа цел ни е потребна понуда за следното:

  1. Јапонска цреша – 5 – 7 садници
  2. Фотиниа – 20 – 25 садници
  3. Индиски јоргован – 1 – 3 садници
  4. Јавор – 3 – 5 садници
  5. Липа – 5 – 7 садници

Сите неопходни одобрувања за реализација на садењето ќе бидат обезбедени од страна на Центар за климатски промени.

 

Временска рамка за доставување на понуда

Периодот за изразување на интерес за учество на повикот е 7 работни дена од објавување на отворениот повик.

 

ПРИЈАВУВАЊЕ

Понудите треба да се испратат на еmail: ckp.skopje@gmail.com

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *