Повик за доставување на понуди за садници за пошумување во општина Прилеп

објавено во ОБЈАВИ | 0

Центар за климатски промени – Гевгелија како дел од проектните активности на рамките на проектот „Зголемување на отпорноста кон климатските промени на локално ниво“ распишува повик за доставување на понуди за садници за пошумување во општина Прилеп.

Проектот е финансиран во рамките на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест”, во соработка со „Македонското здружение на млади правници” и „Организација за поврзување на природни вредности и луѓе” (CNVP), а финансиски поддржан од Владата на Шведска.

 

Општи информации за проектот

 

Општа цел на проектот е да се зголеми отпорноста кон климатски промени на локално ниво преку подобро планирање, зголемена свест и соработка на сите засегнати страни и ублажување на ефектите од климатските промени. Исто така проектот ќе допринесе за идентификување на главните сектори кои придонесуваат за емисии на стакленички гасови на локално ниво и проценка на ризик за ранливите сектори (води, шумарство и инфраструктура – локални патишта), но и градење на капацитетите на општинската администрација и локалните граѓански организации за значењето на климатската отпорност.

 

Опис на задачата

 

Центар за климатски промени во рамките на проектот „Зголемување на отпорноста кон климатски промени на локално ниво“ планира да реализира пошумување на територија на општина Прилеп, КО „ПРИСАД“, КП број 2819. Локацијата се наоѓа околу прилепското езеро на околу 600-700 м.н.в. За таа цел ни е потребна понуда за следното:

  1. цена за 1500 садници од видот Даб (Quercus)
  2. садење на 1500 садници од видот Даб (Quercus)
  3. превоз на садниците од видот Даб (Quercus)
  4. туја смарагд – 15 садници – за овие садници не е потребно да обезбедувате садење
  5. Превоз за Туја Смарагд

Сите неопходни одобрувања за реализација на пошумувањето ќе бидат обезбедени од страна на Центар за климатски промени.

Временска рамка за доставување на понуда

Периодот за изразување на интерес за учество на повикот е 7 работни дена од објавување на отворениот повик.

 

ПРИЈАВУВАЊЕ

Понудите треба да се испратат на еmail: ckp.skopje@gmail.com.