Центар за климатски промени објавува Повик за граѓански организации (ГО) кои работат на полето на животната средина, одржливиот развој, енергијата и земјоделството, со цел приклучување кон граѓанската платформа за следење на ЕУ преговорите за Поглавје 27 – животна средина и клима.
Оваа мрежа се формира во рамките на проектот ГРАЃАНСКА ПЛАТФОРМА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ЗА ПОГЛАВЈЕ 27.
КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО НА ПОВИКОТ
Право на членство во граѓанската платформа за следење на ЕУ преговорите за Поглавје 27 имаат ГО кои ги исполнуваат следните критериуми:
1. Да делуваат во некои од следните области: животна средина, климатски промени, одржливиот развој, енергија, земјоделство и шумарство,
2. Да се активни најмалку 5 години, а во последните 3 години да имаат реализирано најмалку 1 проект во некои од релевантните области,
3. Да имаат реализирано најмалку 1 проект поврзан со законодавство, ЕУ интеграција, следење на степенот на транспонирање и/или имплементација на ЕУ законодавството или сл.
ПОВОЛНОСТИ ЗА ГО КОИ ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД ГРАЃАНСКАТА ПЛАТФОРМА
Членките кои ќе бидат дел граѓанската платформа за следење на ЕУ преговорите за Поглавје 27 ќе имаат можност да ги користат следните поволности од Проектот:
– Да учествуваат на една дводневна работилница за формирање на граѓанската платформа за следење на ЕУ преговорите за Поглавје 27,
– Да учествуваат на три еднодневни семинари за следење и разбирање на преговорите за Поглавје 27,
– Да дадат свој придонес преку коментари на извештаите кои ќе бидат подготвени од ГО (три извештаи) за позицијата на ГО во однос на преговорите за Поглавје 27,
– Да дадат свој придонес во подготовката на комуникациска стратегија фокусирана на тоа како да се организира заедничка позиција на различните ГО и како да се комуницира заедничката позиција на ГО со надлежните органи и пошироката група на засегнати страни, вклучително и пошироката јавност, – Да присуствуваат на состаноците за координација,
– Да учествува во активности за промоција и дисеминација на резултатите на проектот.
Воедно, членките на платформата за следење на ЕУ преговорите за Поглавје 27, ќе имаат можност да учествуваат во изборот на 3-5 организации кои ќе бидат директно вклучени во проектните активности. Имено, овие организации во понатамошниот тек на проектот ќе бидат одговорни за следење на одредени сектори од Поглавјето 27 односно потребно ќе биде:
– Да учествуваат на состаноци со релевантни институции ,
– Да подготват извештај за позицијата на ГО во однос на преговорите за Поглавје 27 за избраниот сектор,
– Да го презентираат нивниот дел од извештајот (секторот за кој се одговорни) на официјална презентација за извештајот за позицијата на ГО за Поглавје 27.
ЧЛЕНУВАЊЕ
Во граѓанската платформа за следење на ЕУ преговорите за Поглавје 27 можат да членуваат најмногу 20 ГО. Членувањето ќе биде бесплатно, а сите трошоци за учество на работилницата и семинарите ќе бидат покриени од страна на ЦКП.
ФИНАНСИСКИ НАДОМЕСТ
ГО (3-5) кои ќе бидат одбрани од страна на ЦКП, да бидат активно вклучени во следењето на одредени подсектори на Поглавјето 27 ќе добијат одреден финансиски надомест.
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Сите заинтересирани ГО потребно е да го пополнат прашалникот даден во Прилог 1 и да достават листа на реализирани проекти во последните 3 години.
Прашалникот заедно со листата на реализирани проекти потребно е да се достават најдоцна до 30 ноември 2020 година, по електронски пат на: centarzaklimatskipromeni@yahoo.com
ПРАВНА РАМКА
Сите организации кои ќе бидат избрани да членуваат во Платформата, ќе биде потребно да потпишат Пристапница и Меморандум за Соработка во кој ќе бидат наведени правата и обврските на ГО.
ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ
Проектот е финансиран преку програмата Цивика Мобилитас со времетраење од 18 месеци (01.07.2020 – 31.12.2021), а имплементиран од Центар за климатски промени. Повеќе информации за проектот може да се видат на следниот линк.
Целиот повик можете да го погледнете Povik za mreza – Final-1
Апликацијата за пријавување можете да ја симнете овде Prilog-1