Центар за климатски промени е здружение на граѓани чија цел е да ја штити животната средина и да имплементира активности за борба со климатските промени. За потребите на своите проектни активности Центар за климатски промени вработува 1 проектен координатор на определено време од 3 месеци со можност за продолжување.
Проектниот координатор потребно е да ги исполнува следните квалификации:
- да има завршено високо образование во некоја од следните области: општествени науки (политички науки, правни студии), технички науки (Машински или електро-технички), природни науки: (биологија, хемија, географија)
- да има одлично познавање на англиски јазик
- да има претходно искуство во работа на проекти
- да има искуство во областа животна средина, климатски промени или енергетика
- да поседува добри комуникациски и организациски способности
- работа во здружение на граѓани ќе се смета за предност
Задачи и обврски на проектниот координатор
- Да ги координира проектните активности
- Да помага во подготовката на тендерски документации, проектни задачи и да учествува во координација и изработката на документите кои треба да произлезат од спроведувањето на проектите на ЦКП
- Да учествува во анализа на планови и извештаи поврзани со животна средина, климатски промени или енергетика
Сите заинтересирани кандидати потребно е да се испратат своја биографија (CV) и мотивационо писмо најдоцна до 26.06.2022 на следната е-маил адреса: ckp.skopje@gmail.com