Центар за климатски промени – Гевгелија, во рамки на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелена Агенда на локално ниво“, објавува повик за ангажирање на консултант/консултантска компанија која ќе биде одговорна за изработка на ИТ алатка за следење на спроведувањето на Зелената Агенда за Западен Балкан (ЗАЗБ) на локално ниво.
Проектот се спроведува во партнерство со Еко зелено движење, Геосфера, Екотуризам – 2016 Охрид, Креактив, Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Национален ромски центар и Ецо Ацтион. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас.
Опис на задачата
Целта на активноста е да се развие практична, кориснички ориентирана и прилагодлива ИТ алатка што ќе им овозможи на партнерските организации и локалните засегнати страни да го следат прогресот на спроведувањето на ЗАЗБ на локално ниво, преку внес и анализа на податоци поврзани со мерки, активности, индикатори и постигнувања.
Алатката треба:
- Да овозможи централизирана база на податоци за мерки/политики по столбови на ЗАЗБ.
- Да содржи модул за влез на податоци, визуелизации (графици, табели), автоматски извештаи и индикатори.
- Да биде лесна за користење, достапна на македонски и англиски јазик.
- Да овозможува ажурирање на информации од страна на овластени партнери по региони.
- Да биде хостирана на безбедна платформа и достапна преку интернет.
Задачи кои се очекува да ги исполни консултантот/компанијата:
- Дефинирање на техничките и функционалните спецификации за алатката.
- Дизајн и развој на ИТ алатката (веб-решение).
- Тестирање и прилагодување согласно фидбек од партнерите.
- Соработка со проектниот тим и редовна комуникација за прогресот.
- Обука за користење на алатката со претставници од партнерските организации.
- Доставување на упатство за користење и техничка документација.
Потребни квалификации:
- Најмалку 5 години искуство во развој на веб-апликации и бази на податоци.
- Искуство со проекти поврзани со следење на политики, енергија, животна средина и климатски промени е предност.
- Искуство со изработка на визуелизации, индикаторски табели и известувачки модули.
Времетраење на ангажманот:
Времетраење на ангажманот е 8 месеци.
Оценка на кандидатите:
Евалуационата комисија ќе го извести само консултант/консултантска компанија чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Квалитет и соодветност на предложеното решение – 60 бодови
- Претходно искуство – 20 бодови
- Понудена цена – 20 бодови
Вкупно: 100 бодови
Договор ќе биде склучен со оној консултант/консултантска компанија кој ќе добие најголем број бодови.
ПРИЈАВУВАЊЕ:
Пополнет форма за пријавување (технички и финансиски формулар) да се испрати на ckp.skopje@gmail.com со назнака: „ИТ алатка за следење на ЗАЗБ“, најдоцна до 10.07.2025г.
Некомплетни или задоцнети апликации нема да се земат предвид.
За повеќе информации, обратете се на тел: 02 5208 330.
Повикот може да го преземете тука.
Формулар за понудувачи – технички дел
Формулар за понудувачи – финансиски дел
Напишете коментар