Центарот за Климатски промени започна со спроведување на проектот “Патоказ до вашата еко-паметна општина”.
Целта на проектот е да обезбеди здрава и чиста животна средина на локално ниво преку зголемена употреба на обновлива енергија, проширени зелени површини, подобрена енергетска ефикасност во јавните згради и зголемено користење на одржливиот транспорт во секојдневниот живот.
Предвидени активности во рамките на овој проект се:
- Развивање на Патоказ за еко-паметна општина.
Во рамките на оваа активност ќе се земат во предвид законските обврски на општините во однос на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина. Во предвид ќе се земе и нивниот потенцијал во однос на иновациите, технолошките знаења и расположливите човечки ресурси. Дополнително ќе се развие кохерентен и партиципативен патоказ за постигнување на еко-паметна општина.
- Имплементација на Патоказот преку други активности
По изработката на патоказот за еко-паметна општина Центарот за Климатски промени ќе отвори јавен повик за учество на општините и примена на концептот на еко-паметна општина. Врз основа на претходно поставени критериуми, ќе бидат изберани 2 општини, каде што ќе се реализира некоја од следните активности: поставување на 4kW фотонапонска централа во општинскиот двор за полнење на 3 електрични скутери, расадник за дрва, обележување на велосипедски патеки, совети за енргетска ефикасност за домаќинствата, вклучувајќи брза енергетска контрола за неколку домаќинства, заеднички акции за селекција на отпадот и повторна употреба на отпадот, заеднички акции за компостирање итн.
- Комуникациски и десиминациски активности
Оваа активност содржи три под активности: Активност за подигање на свеста за одржливиот развој ќе се спроведува во текот на целото времетраење на проектот насочена кон различни целни групи (млади, ученици, граѓански организации, локални и национални власти, граѓани, заедница на бизнис секторот), имплементирана преку социјалните медиуми, ПР текстови објавени на електронски медиуми и ТВ и радио промоции. Паралелно, активности за градење капацитети и знаења организирани преку најмалку 4 едукативни предавања во основните училишта за 200 ученици каде ќе се спроведува концептот на одржлив развој и потребата од заштита на животната средина. На крајот од проектот, предвидени се промотивни активности за промоција на резултатите од проектот со цел да се промовира развиениот патоказ и неговата имплементација во 2-те општини.
Проектот е финансиран од страна на Америчка амбасада. Времетраењето на проектот е 1 година, од август 2022 година до август 2023 година.