Центар за климатски промени – Гевгелија како дел од проектните активности на рамките на проектот „Зголемување на отпорноста кон климатските промени на локално ниво“ распишува повик за ангажирање на консултант за подготовка на „Предвидувања и анализа за следните 30 години за температура и врнежи врз база на претходните мерења од страна на УХМР за единиците на локална самоуправа (ЕЛС): Центар, Прилеп и Демир Капија“.
Проектот е финансиран во рамките на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест”, во соработка со „Македонското здружение на млади правници” и „Организација за поврзување на природни вредности и луѓе” (CNVP), а финансиски поддржан од Владата на Шведска.
Општи информации за проектот
Општа цел на проектот е да се зголеми отпорноста кон климатски промени на локално ниво преку подобро планирање, зголемена свест и соработка на сите засегнати страни и ублажување на ефектите од климатските промени. Исто така проектот ќе допринесе за идентификување на главните сектори кои придонесуваат за емисии на стакленички гасови на локално ниво и проценка на ризик за ранливите сектори (води, шумарство и инфраструктура – локални патишта), но и градење на капацитетите на општинската администрација и локалните граѓански организации за значењето на климатската отпорност.
Опис на задачата
Консултантот е потребно да допринесе во изработката на Проценка и анализа за температура врз база на мерењата од хидрометеоролошките станици на УХМР, кој ќе бидат изработени за три единици на локална самоуправа: Центар, Прилеп и Демир Капија. Плановите ќе се засноваат на преглед на изворите на емисија на стакленички гасови односно главните сектори кои допринесуваат за емисија на стакленички гасови, но и секторите кои се најзасегнати од климатските промени кои се случуваат на локално ниво (води, шумарство и инфраструктура – локални патишта). Врз основа на добиените хидрометерелолошки податоци од мерењата на месечни и средно годишни температури и врнежи за најмалку 40 години, експертот ќе биде потребно да анализира и направи предвидување како би се движеле температурите во наредните 30 години за погоре споменатите ЕЛС. Извештајот треба да се подготви во електронска верзија на македонски јазик за секоја општина засебно, истиот ќе биде интегрален дел од ЛПЕК.
Задачи кои се очекува да ги исполни консулатантот:
- Да направи предвидување за температурата за наредните 30 години во Python или друг статистички модел врз на претходно добиени податоци од Центарот за климатски промени
- Да направи предвидување за врнежите за наредните 30 години во Python или друг статистички модел врз на претходно добиени податоци од Центарот за климатски промени
- Да соработува со проектинот тим и редовно да комуницира за тековната работа
- Да изработи извештај за предвидувањата за температура и врнежи за секоја ЕЛС
Потребни квалификации на консултантот/консултантската компанија:
- Лицето кое ќе биде назначено за работа да има завршено високо образование (информатички технологии или сродни науки поврзани со информатички технологии)
- Најмалку 5 години искуство во областа на ИТ инженерството,
- Искуство во истражување, собирање и анализа на документи и податоци,
- Добри комуникациски вештини.
Професионално искуство:
- Практично искуство во подготовка на извештаи, студии, за прибирање на податоци во полето на температурни промени ќе се смета како предност
Времетраење на ангажманот:
Времетраење на ангажманот е 4 месеци.
Финансиски надомест:
Максималната вредност на овој договор изнесува 180.000,00 денари.
Оценка на кандидатите:
Евалуационата комисија ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Претходно искуство во спроведувањето на слични активности и предложена методологија- 70 бодови
- Понудена цена за активноста- 30 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатот треба да ја испрати комплетната понуда на еmail: ckp.skopje@gmail.com најдоцна до 20 август 2023 г., со назнака „Пријава за консултант за ИТ услуги за анализа на хидрометеоролошки податоци“. Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
За повикот потребно е да се користи соодветната форма која може да се преземе од тука.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 5208 330.
Напишете коментар