Отворен повик за ангажирање на ИТ експерт/аналитичар за развој на дигитална алатка за управување со енергија

објавено во ОГЛАСИ | 0

Центар за климатски промени – Гевгелија како дел од проектните активности во рамките на проектот „Зголемување на отпорноста на ММСП преку намалување на трошоците за енергија за надминување на ефектите од енергетската криза и за подобрување на деловните услуги“ распишува повик за ангажирање на ИТ експерт/аналитичар за развој на дигитална алатка за управување со енергија.

Проект се спроведува во рамките на проектот „Активности за зајакнување на бизнис секторот“, кој е финансиран од УСАИД и Консалтинг за стратешки развој.

Општи информации за проектот

Проектот има за цел да ја зголеми отпорноста преку намалување на трошоците за енергија овозможено со воведување мерки за заштеда
на енергија и диверзификација на изворите на енергија во индустриските капацитети (за производствени цели, но и за греење, ладење, транспорт итн.).Овие активности треба да резултираат со подобрена конкурентност и надградени услуги кои ќе обезбедат подобри деловни услуги и перформанси, како и зголемена отпорност на новите енергетски услови, последица на енергетската криза.

Покрај намалените трошоци, ќе се придонесе и за стабилно снабдување со енергија, поекономично производство и зајакнување на капацитетите на вработените во ММСП за натамошно преземање на идентификуваните мерки за заштеда на енергија. Конкретните цели на проектот се градење на капацитетите на вработените во ММСП и
обезбедување менторство на самата локација како предуслов за надградба на деловните услуги и постигнување на долгорочните цели.

Опис на задачата

Примарната цел на оваа консултантска задача е да сеобезбеди развој на дигитална алатка за управување со енергија, која ќе биде јавно достапна на веб-страната на ЦКП и ќе има за цел да ги поддржи и мотивира одговорните вработени да го имплементираат системот за управување со енергија (СУЕ), да спроведуваат мониторинг и да обезбедат постојано подобрување на заштедата на енергија.

ИТ експертот ќе биде одговорен за следните задачи и активности:

Задачи кои се очекува да ги исполни консулатантот:

  • Дизајнирање на дигиталната алатка во UX/UI алатката
  • Развој на изворен код на програмските јазици html5/CSS/Java.
  • Соработка со проектниот тим и редовна комуникација за прогресот

 

Потребни квалификации на консултантот компанија:

 

  1. Најмалку 5 години искуство во ИТ областа,
  2. Високо познавање на програмски јазици и алатки за дизајн
  3. Практично искуство во развој и дизајн на дигитални алатки како предност.

 

Времетраење на ангажманот:

Времетраење на ангажманот е 3 месеци.

 

Финансиски надомест:

Максималната вредност на овој договор изнесува 349.062,00 денари.

 

Оценка на кандидатите:

Евалуационата комисија ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

 

  • Претходно искуство во спроведувањето на слични активности и предложена методологија- 70 бодови
  • Понудена цена за активноста- 30 бодови

 

Вкупно 100 бодови.

Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.

 

ПРИЈАВУВАЊЕ

Кандидатот треба да ја пополни формата за пријавување и да ја испрати на еmail: ckp.skopje@gmail.com најдоцна до  29.02 2024 г. со назнака „Пријава за ИТ експерт за развој на дигитална алатка“. Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.

 

Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 5208 330.

 

Повикот може да го преземете тука.