Во периодот од 13 – 14 февруари 2020 година, проектниот тим на ЦКП заедно со одговорниот експерт Доц. Д-р Даниела Младеновска беа во теренска посета на петте компании за кои ќе се изработуваат акциски планови.
За време на оваа посета беа одржани информативни состаноци со назначените лица од страна на компаниите при што експертот имаше можност да ги обезбеди сите потребни информации со цел отпочнување на процесот за подготовка на акциските планови.
Дополнително за секоја од компаниите ќе биде организирана обука за вработените со цел истите да се стекнат со знаења за примена на концептот за зелена економија во рамките на компаниите.
Со секоја компанија за која ќе се подготви овој зелен акциски план, ЦКП склучи Меморандум за соработка.